Автор Тема: Препорака за добар лимар  (Прочитано 1125 пати)

Отсутен madrooster42

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Препорака за добар лимар
« на: 08 Април 2020, 20:32:23 pm »
Здраво на сите!

После 3.5 години и 3-4 мајстори (кој од кој...) конечно количето (е30) ми е подзакрпено и исфарбано.
Не е нај сјајно, ниту крпењето ниту фарбањето, но е прифатливо, со оглед на тоа дека сум при крај со трпението и сакам што поскоро да свртам некое кругче.

ОСВЕН неколку ситници:

- Има мало делче рѓа (не е дупка но е пробиено) позади шал таблата (возачка страна)  од кое што пробива вода во кабината (каналот за истекување на водата е тука) - треба да се исчисти, поправи и заштити, со оглед дека од задната страна постојано би течело вода.
- има уште помало делче (околу половина сантим) и од десната страна, до ова има пристап и од под хауба.
- дупки на подот од обиди да се наместат седиштата (седишта од е36) кои треба да се затворат.
- штрафовите за седиштата кои треба да се заварат од долу и заштитат соодветно.
- една крпеница на патосот (напред лево во ќошот) која е одвратно направена, така што би требало да се исчисти целосно и да се направи културно.
- уште неколку поситни работи.

Повеќето работи се ситници, но сакам да ги средам пред да наместам теписони и седишта. Би било добро ако сте или познавате мајстор кој што би се нафатил да го среди ова, културно и квалитетно.
Ниту еден од проблемите не е на видливо место, така што не барам лепота туку квалитетна санација и заштита, за после 2-3 години ако извадам теписон да не биде хаос.

Тенкс :)