Автор Тема: Honda Civic 5D VIII 1.8i  (Прочитано 8520 пати)

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #30 на: 28 Јули 2019, 12:00:31 pm »
Плинот до кај 3-3500 обртаи, сепак ќе е за поефтино возење. За меракот си стои дугмето за бензин :)

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #31 на: 01 Август 2019, 11:01:58 am »
По 1500км на бензин Хондата плиносана кај мајстор Аце - Кар Систем. Ставено контролна единица AC Stag 4, инџектори Barracuda, испарувач Tomasetto Achille и боца Kolos 43 литра поголема не собираше. Да извозам 2-3 полнења на боцата ќе пишам импресии.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #32 на: 01 Август 2019, 11:41:52 am »
Сѐ додека си свесен дека ја возиш на плин, и дека треба соодветно да го адаптираш стилот на возење, не би требало да имаш проблеми.

Ако ја гориш на плин прибидејќи "VTEC kicked in yo!", претпоставувам дека за брзо време ќе си направиш проблем.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #33 на: 01 Август 2019, 11:53:00 am »
да да се разбира. За "VTEC kicked in yo!" си стои системот на бензин. На плин некој максимум би било 4000-4200 обртаи се движи 155-160 и тоа не на долги релации. 120-30 би било не повеќе од 3500 обртаи и тоа ќе е ок и плинот и за колата и за потрошувачката

Присутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1771
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #34 на: 01 Август 2019, 11:57:20 am »
Дали општо важи за сите мотори кај поновиве возила 2008-ма нагоре, дека треба да се возат на ниски вртежи ако се на плин?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #35 на: 01 Август 2019, 12:15:03 pm »
Дали општо важи за сите мотори кај поновиве возила 2008-ма нагоре, дека треба да се возат на ниски вртежи ако се на плин?

Не дека е некое правило, туку чисто онака, ради претпазливост. Сепак ја форсираш машината да работи во „неприроден“ режим. Плинот согорува со повисока температура и е посув од бензинот, па тоа си има влијание особено врз вентилите и нивните лежишта. Капалките нудат некаква си заштита, ама сепак според мене, најдобра превентива е, ако сакаш да се издуваш малце, клик на дугмето за да прешалташ на бензин, поарчи некое литро, и после пак пребаци си на плин, онака, за нормална употреба :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #36 на: 01 Август 2019, 12:19:51 pm »
Не треба да ја возиш на ниски ако е на плин, туку не треба да ја возиш во ибер ако е на плин. Има разлика :)

Додека си на плин си ја возиш колата нормално, а најверојатно и така барем 90% од времето ја возиш нормално освен ако не си некој 18-20 години или имаш постаро БМВ.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #37 на: 01 Август 2019, 12:56:48 pm »
Со здравје да се вози.

Јас би прашал колку ти арчеше градска и на отворен (или просек) бензин?
Со ниет сум следната кола да е бензинец и тоа тука некаде, 1,8.

Благодарам.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #38 на: 01 Август 2019, 15:16:29 pm »
фала @pirat_07. Извозев едвај 1500км па потрошувачка на борд кажуваше 7,7. Бордот не знам дали лаже и колку би лажел. Е сега првите 1500км беа со пробувања од 0-100, дали оди 200, у кривина се влегува ли со 80-100-120 и така. Мислам и очекувам да не троши повеќе од 8литра со нормално возење, на отворено мислам дека може и околу 7литра. Од тоа што читав по нет i-vtec како што придонесува за подобри перформанси на високи обртаи, така и е штедлива на ниски.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #39 на: 26 Август 2019, 09:52:24 am »
извозени 5500км од 15јули до сега, сменето уле Репсол 5-40, возиме на плин без проблеми, потрошувачка некаде 8-9литра. Единствен проблем ми паѓа стрелката за бензин а безнин има, треба да се стави некој емулатор за да кажува реално колко гориво има во бензинскиот резервоар.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #40 на: 26 Август 2019, 20:35:50 pm »
Ич не и се замарај на сказалката, иста мака имаат и французите ке се навикнеш после некое време :)

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #41 на: 03 Февруари 2020, 14:17:53 pm »
да се освежи темата. Поминато веќе 20Ккм, пред Нова Година ставени зимските Фалкен со челични бандажи и раткапни.
Направена една турнеја без малку 4200км. Посетени Виена, Линц и места околу Линц (Австрија), Крумлов (Чешка), Chur за некои Хур за google Кур и Цирих (Швајцарија) скиено на Флимс-Лакс и Ст Морис. Се на се прекрасно искуство. Претежно возено по знаци имаше некои кратки излети, но се решив да видам како би било да се испоштуваат знаците :)
Како заклучок од цело патување најреални ограничувања има Австрија, најдобри патишта Швајцарија, најмногу гужва Германија, може да се патува со 4годишно дете, скиење на Алпите е сон, кога резервоарот на бензин е полн повеќе од половина се ресетира во вожна бордот и никогаш не светнува чек енџн поради наводно немање гориво- ова за тие што се возиме на плин. Помогна доста lpg.eu, на Арал бензинските го има и приклучокот за плин како кај нас, на другите ми даваа адаптер од бензинската.
Еве некоја слика
https://imgur.com/a/74m7cbs

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #42 на: 03 Февруари 2020, 19:06:54 pm »
По 1500км на бензин Хондата плиносана кај мајстор Аце - Кар Систем. Ставено контролна единица AC Stag 4, инџектори Barracuda, испарувач Tomasetto Achille и боца Kolos 43 литра поголема не собираше. Да извозам 2-3 полнења на боцата ќе пишам импресии.

Како превентива ако има опција плинскиот уред нека го штелнат на 3800 обртаи да убрзгава 20% бензин за подобро подмачкување и ладење, па после гази од време како те прифаќаат на раат.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #43 на: 03 Февруари 2020, 19:18:05 pm »
Ка би го штелнал од 3200грм  🙂

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Honda Civic 5D VIII 1.8i
« Одговори #44 на: 04 Февруари 2020, 12:36:59 pm »
тоа што ми објасни Аце е дека вентили страдаат од сиромашна смеса, наводно ја штелна да биде ок и гарантира дека ќе нема проблем. Секако дека не ја газам на плин. Порано на ауди а3 1.6 беше штелната на 4000 да префрла на бензин, но беше проблем кога сакав да престигнам некој пред мене ќе нагазам над 4000обртаи ќе префрли на бензин да сменам брзина ќе се врати на плин и потоа пак на бензин и по одредено време го исклучив како опција. Сепак благодарам на советите