Автор Тема: Audi A3 8L 1.8 20V  (Прочитано 2111 пати)

Отсутен AndrejPP

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Audi A3 8L 1.8 20V
« на: 14 Февруари 2019, 20:08:27 pm »
Па, да го претставам моето возило..

После долг период на пребарувања, гледања, пробувања на A3/Golf/Leon со 1.8Т АGU мотор, и после разочарувањето и неуспехот во сето тоа, изборот логично падна на истиот 20 вентилски мотор само без турбо полнач. Имено, преку чуден сплет на околности станав сопственик на Audi A3 8L сo бензински 1.8 20V (AGN) мотор од 125кс, генерално во 95% фабричка состојба (каков и што се бараше егземплар, погоден за понатамошни доработки/преработки). Колата е увезена во 2014 од Виченца, Италија, си поседува и сервисина книшка со печати од Audi дилер каде и што е купено и сервисирано се до увозот, резервен клуч. Јас сум втор сопственик откако е во Македонија.
Иако возилото одамна веке како е полнолетно, можам слободано да кажам дека во овие 12.000км како е во моја сопственост коректно си ги исполни тестот и очекувањата. Би сакал исто да напоменам за сите тие што се во дилема како што ја имав јас помегу А3/Golf/Leon можам со сигурност да кажам дека изолацијата, завршната изработка квалитетот на материјли кои што се користени го оправдува Audi логото-повисока класа. Една од битните ставки при изборот беше нормално состојбата на шасијата, никогаш немала сериозна хаварија или фронтален удар, сите прозори освен шофершајбната со ист сериски број и Audi logo, VIN лепенката во гепек си на место итн. Втората ставка состојбата на моторот, кој што си ја врши работата одлично, работи мирно и рамномернo. Бев скептичен околу снагата, но со 173Nm убаво си влече и си има солидна крајна брзина.
Да не испадне претставувањево како да е оглас, да ги кажам и недостатоците кои што беа. На неколку места има гребаници и некои лошо префарбани делови на каросерија (кој што ке бидат санирани комплетно), исто така одма ја утврдив лошата состојба на предниот трап. Отидени беа зглобови на полуосовина, држач на мењач, чаури, спони, амортизерите при крај, вентилатор на хладњак и други пропратни ситници. Механичкиот дел е среден и моментално ја чекаме пролетта за естетски модифкации 8)
Пред 15.000км прв пат на возилото е монитран и Lovato Smart плински систем, со кој што потроњната е некаде 11-12L градска, 7L отворено, што според мене е сосема во ред. На крај кратко околу одржувањата и сервисите. Како и што повекето знаат А3 8L е на иста платформа со GoЉf 4, па мал сервис со Mobil Super 2000 уље и MANN филтри чинеше некои си 60-70€, INA сет ребраст каиш со водна пумпа 170€ и гаранција 60.000км.

Поседува Sport ниво на опрема (во Инголштат уште не знаеле за S-Line :P):

- Дигитален климатроник
- Кожен трокрак волан со подесување на висина и длабочина
- Кожна рачка на мењач
- Sport профилирани седишта подесиви по висина и длабочина
- Eлектрика на прозори со автоматско затворање и отворање
- Електрика на ретровизори со греачи
- Електрика на подесување на фарови
- EDL електронска контрола на диференцијал
- ABS систем
- Серво волан
- Делива задна клупа
- x4 Airbag
- Имобилаизер кодирано палење
- Централно заклучување со даљински
- 15" Аudi фабрички бандажи + резервно тркало со истиот бандаж


Еве и некоја слика:










Замисли, желби и планови ги има на претек, па ке се трудам секоја модификација да биде прикажана тука...stay tuned, to be continued!




« Последно менување: 14 Февруари 2019, 20:28:41 pm AndrejPP »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Audi A3 8L 1.8 20V
« Одговори #1 на: 14 Февруари 2019, 20:16:08 pm »
Арна е ебаго 😁
Со здравје возење,и јас некое време барав 1.8Т 150кс ама без успех...ебаго! 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен AndrejPP

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Audi A3 8L 1.8 20V
« Одговори #2 на: 14 Февруари 2019, 20:20:36 pm »
Моето не беше баш "некое време", ебаго ;D. Туку некои добри година и пол.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Audi A3 8L 1.8 20V
« Одговори #3 на: 15 Февруари 2019, 11:03:27 am »
Со здравје да се вози!!! Ме интересира дали се ок стрелките за температура и гориво, кај мене не се (8Л 1.6), и пробав да барам на старо 90% го имале истиот проблем.

Отсутен AndrejPP

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Audi A3 8L 1.8 20V
« Одговори #4 на: 15 Февруари 2019, 12:30:53 pm »
Не сум имал проблем со стрелките јас.