Автор Тема: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD  (Прочитано 13308 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« на: 17 Ноември 2011, 09:38:20 am »


Од што сум пријатно изненаден:

1. Моторот. Умот цело време ми тераше накај 2.0 dci, пошто количево е малку тешкичко, но после едно демо-возење со четири души у кола (јас, жена ми и двајца вработени во салонот на „Нисан“) сите недоумици се изгубија: моторчево од 105 коња влече ко лудо! Малку ми фали мускулот на ултра-ниски вртежи со кој уживав на претходното ауто (1.9 SDI) али све је то ствар навике - се вози ко бензинец, на малку повисоки вртежи и тогаш лета! Никогаш не сум дошол во возачка ситуација во која сум посакал поголема кубикажа или коњи.

2. Држење у кривини и воопшто вожњата: подигнато ауто и интуицијата зборува дека ќе има занишување во кривини. Нема. И при поголеми брзини лепи на пат ненормално, ко фокус. На човек просто да му е ќеф да вози. Во споредба, Спортажот, РАВ4ката и Каптивата се ко брод на бура - ќе те фати морска болест. Ова е ко да возиш најнормална ниска кола и тоа добра.

3. Удобноста и квалитетот на изработката унутра. И после 60.000 километри нема никакво крцкање на никаква пластика унутра - исто како кога беше извадена од салон.

4. Способноста надвор од асфалтот. Да, има погон само напред, но амротизерите имаат голем од, целата кола е бааги подигната, така да нема ситуација во која не се снашол а, верувајте, го тестирав :-) Oткажува послушност само на стрмни угорници со растресите подлога, онаму каде што и вистински теренци (каков што нисанчево никако не е!) ќе имаат проблеми.

Од што сум непријатно изненаден:

1. Бучноста на подвозјето. И на мали нерамнини подвозјето произведува звук. Звукот не е интрузивен и не звучи патолошки, така да човек брзо се навикнува и не пречи, но сепак не е царство на тишината ко, на пример, пасат или мондео. Моторот, од друга страна, е скоро перфектно изолиран и внатре човек треба да се сконцентрира убаво па да примети дали е бенизнец или дизел.

2. Брзината со која се трошат пакните на кочниците. Изгледа дека е тешка колата, па повеќе страдаат.

3. Цените на резервните делови и редовните сервиси во „Нисан“. Не се нормални, само тоа ќе кажам. Тоа е најобичен грабеж. Пред време се откажав од гаранцијата само за да не морам да им плаќам дрско големи суми за секакви баналности.

Дали би купил пак вакво ауто? Мислам дека.... сепак да! Феноменално се вози, а дури и при екстремно долги релации воопшто не се замарам ни јас како возач ни патниците. Мене ми е идеално фамилијарно ауто.
« Последно менување: 17 Ноември 2011, 09:49:44 am filipv »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #1 на: 17 Ноември 2011, 10:04:02 am »
Интресно возило. Ако не се лажам си прв на форумов со Нисан воопшто. Би сакал, ако не ти е проблем, да ставиш повеќе слики од внатрешнот, гепек и други детали. Мислам дека многу од нас не се заинтересирале да појдат и да го видат во салон, а кога би имале малку повеќе инфо од прва рака можеби ќе ги заинтересира.

Последно, ме интересира која беше цената за ова задоволство?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #2 на: 17 Ноември 2011, 11:12:16 am »
Супер количе, еден од моите адути при купувањето. Не се одлуччив за него само поради поагилниот мотор што го има АСХ-от за слична цена по која што тогаш беше 1.5 дци.

Со здравје да се вози и да го донесеш на некој собир.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #3 на: 17 Ноември 2011, 11:26:07 am »
Кој мотор 1.5дци е овој, што моќност има?

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #4 на: 17 Ноември 2011, 11:27:58 am »
Сто- шес .

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #5 на: 17 Ноември 2011, 12:03:10 pm »
Моторот е на Рено, го има и во Меган и во Дастер, 105КС.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #6 на: 17 Ноември 2011, 12:11:51 pm »
Моторот е на Рено, го има и во Меган и во Дизастер, 105КС.



ОТ: Корегирано  ;D


ОНТ: Супер количе, кога бев низ европа растураат насекаде со вакви, преплавено е.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8955
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #7 на: 17 Ноември 2011, 13:11:58 pm »
Супер количе иако ентериерот на нисан не ми е баш омилен, моторот му е од рено само дали е доволен за колава незнам јас сум се возел во лагуна со истиот мотор за нормално возење си врши работа се се понатаму 2.0

за сервисот и јас сум чул дека е скап, јебига мора од негде да те украдат тие аутомотив

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #8 на: 17 Ноември 2011, 13:14:56 pm »
Добродојде Филип, одлично претставување.

Тоа околу трошење на плочките. Тоа е случај скоро кај секое Рено од 2000 па наваму, но мора да наведеш дека има и невероватно добро кочење.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #9 на: 17 Ноември 2011, 21:37:09 pm »
Добредојде Филип
Со здравје да си го возиш количето,и редовно да си го сервисираш ;)
Колку те кошташе ???
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #10 на: 17 Ноември 2011, 23:20:23 pm »
ubavo kolice :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #11 на: 18 Ноември 2011, 00:07:34 am »
Хм Нисанче,супер е џипчето(сув-чето ;D),со одлично моторче...инаку овај модел на Нисан се продава премногу,дури многу повеќе од очекувањата на самиот производител ;)
п.с Добре дојде и многу безгрижни километри(за кои сум сигурен дека ке ги поминеш) ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #12 на: 18 Ноември 2011, 01:32:07 am »
Ooooooppppaaaaa, ova japanac so ramcen srce. Mene ne mi se svigja samo radi toa sto ima francuski motor (ne deka e los), obicniot servis e poskap za razlika od drugite vo klasata, filter, ova ona...... Eve neka potvrdi Sportex ili nekoj drug. Jas kazuvam od iskustvo (pezo 207 hdi)...
Mnogu bezgrzni kilometri. Stavaj sliki!!!!

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #13 на: 18 Ноември 2011, 05:00:13 am »
убо количе ..

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Nissan Qashqai 1.5 dci 2WD
« Одговори #14 на: 18 Ноември 2011, 10:09:05 am »
Некна бев на сервис ме ебаа 13.000 денари. ;D  Поголема потврда...здравје! ;D