Здраво на сите, се соочив со проблем со колата. Колата ми е на бензин плин фиат гранде пунто 1.2, 2006. Бев во Скопје (Од Охрид сум ), за враќање назад колата не ми палеше. Контакт има ама не вергла. Пробав со туркање со втора брзина исто така не запали. За среќа помина еден дечко, па ми ја запали на плин. Стигнав до Охрид, сега колата пали и на бензин ама само доколку ја извадам клемата и повторно ја ставам на акумулатор, во друг случај само се дава контакт и не се дешава ништо. Дечкото што ми ја запали на плин ми рече дека имало ограничување на палењата со плин. Не се разбирам многу, а колата ке ја однесам на мајстор дури во четврток или петок бидејќи сите се зафатени. Дали некој се соочил со ваков проблем или некој знае што може да биде истиот? Ви благодарам