Во право си за навикнувањето, дефинитивно е друго чуството, но откако ке се навикнеш мислам дека нема болје кола за дејли и низ град и гужви, посебно дека нема никаков звук или вибрации додека стоиш или се движиш до некоја брзина.
Мојава на големиот дисплеј ко што го имам на сликата можам да контролирам се, радиото, климата, главно мени, просечна потрошувачка, дисплеј со кој мотор работи во моментот и дали се полнат батерии, исто има навигација, потсетник за одржување, телефон, стварно има еден куп работи искрено уште ги немам сите прочепкано. На другиот дисплеј покажува сите останати информации ко на нормална кола.