Го возев скоро цела недела па можам да дадам мое мислење:
Нема шанси да се качиш во него а да не си ја удриш главата, а јас имам нормална висина.
Пластиките се доста ефтини, копињата за прозорвите се ставени не на рачките туку над нив, ептен глупо.
Багажникот едвај собра два од најголемите самсонајт куфери.
Виртуелниот кокпит е ок.
Lane keeping assist кога е уклучен и работи игра пинг-понг со колата - од едната граница на лентата врти кон другата и така цело време.
Читањето на знаците за ограничување на брзината работи ок.
Светлата кои се палат од ретровизорите пред влагање во кола се добра ствар.
20d моторот со 180 коња е ок ама не е дека е нешто пребрз, со стискање по аутобан троши доста (цифри не гледав на борд али осеќав по џеб).
Подоле пар слики: