Автор Тема: Промена на фабричко озвучување во Хонда Цивик Седан (FD1)  (Прочитано 2680 пати)

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Од првиот момент од кога ја поседувам колата, не бев задоволен од фабричкото озвучување, бидејки при секој обид да се зголеми јачината на тонот над 15тиот степен, беше пропратено со изобличување на звукот, односно звук кој што не беше баш пријатен за слушање, а камоли за уживање.

Во ваква ситуација, прво што ми падна на памет беше промена на фабричките звучници со некоја посолидна марка на звучници, па доколку и во тој случај не се добие задоволителен квалитет на звук, би следело поврзување на појачало. За таа цел почнав потрага по звучници чии што карактеристики би можеле без проблем да поднесат појачало доколку е потребно за понатаму.

Во консултација со @SaleSk (огромна благодарност до Сале за советите) и насоките дадени од негова страна, изборот падна на Apine SPG-17C2  од Vox Audio по цена од 2900 денари за пар.





 За монтажа на новите звучници се потребни нови адаптери и во Vox Audio чинат 1500 денари пар, односно во мојот случај 3000 денари само адаптерите, плус монтажа на звучниците-од прилика околу 4000 денари плус од цената на звучниците.

Со прегледување на клипови по YouTube, увидов дека монтажата на нови звучници е прилично лесна и едноставна и решив да се обидам сам да ја изведам целата постапка. За таа цел, порачав од Ebay, 2 пара адаптери со оригинални наставци за оригиналните фабрички џекови по цена од 1300 денари комплет.



Одкако пристигна пратката со адаптерите, започна промената на фабричките звучници...Изваден тапацирот на предните врати, кои што е прицврстен на 2 штрафа и пластични жабици



ова е фабричкиот звучник прицврстен со еден штраф на горната страна. Демонтиран звучникот и монтиран новиот адаптер и  наставакот за фабричкиот џек за да нема потреба од сецење на истиот и монтиран новиот звучник...







Истата прецедура се одвиваше и со другата страна.

Преминав на демонтажа и монтажа на задната полица. Изваден заштитниот капак над звучникот и истиот е прицврстен со еден штраф



Демонтиран стариот звучник, поврзан наставакот на оригиналниот џек, монтиран новиот адаптер, комплет со звучникот





Истата постапка се одвиваше и на другата страна.

Е сега!!! Првиот впечаток со промената на фабричките звучници беше малку разочарувачка, бидејки добив поинтезивни високи тонови, почисти средни тонови мегутоа длабоките тонови скоро и да не постоеја. Повторно во консултација со @SaleSk дојдовме до заклучок дека фабричкото радио е прилично слабо за да ги побуди новите звучничи и најверојатно ке треба да бидат поткрепени со појачало. Повторно пребарувајки по Youtube дојдов до информација за скриено подмени на радиото со кое се добива некоја дополнителна снага и конечно ми се појави насмевката на лице и го добив очекуваниот звук. Ако со стариот сетап звукот се изобличуваше на 15тиот степен јачина, со новиот сетап без проблем тераме до 25.

Време е за уживање!!!


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Профи изведено! Како шо требИТ! :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Штета што во мое време на инсталација и работа немаше телефони со камери или дигитални апарати па се да се документира, почнувајќи од поставување на инсталација па се до завршно и финално подесување на аудио системите...
Тоа беше вистинско подесување и монтажа.
Колку само озвучења имам наместено на времето... :D

 
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.