Атос е доста добар? Р'ѓа има на сите постари од 7-8 години, електроника црка за добро утро, вода тече внатре од секаде, предница ни госпот не може да му центрира. Јас мислам Хјундаи немаат направено полоша од малиот џин Атос.
Комшија мој во Битола има направено 370000км со Атосот Педатен е човекот, перење, сервиси и сл., нешто комерцијалист е (тој си се вика трговски патник ) и цел ден е во кола. Количето е топ!
Возачкото седиште малку пропадна ама се друго е во најдобар ред. Затоа го спомнав.
Само како пример.
Си поседувал ли корса на минимум месец.?
Да, B моја грешка, смешав брзини
Иначе да. Не била моја, ја имав на располагање две недели, 2010 година летото. Пет врати 1.0 12V Opel Corsa C.
Затоа и го замразив моделот. Беше купена за девојка која штотуку почна да вози.
Премногу евтини материјали, проблеми со шасија (корозија), а релативно нова кола, купена од салон (од Олимписки базен)
Да не ја труеме темата, ...
Да резимираме.
Кажувам субјективно мислење, мое искуство и не знам зошто ме напаѓаш и се обидуваш нешто да докажеш.
Второ, ако ме следиш доволно на форумов, баш сакам utilitarian cars и ги почитувам, ама кога некој модел (пак ќе речам според мене) е шит, стварно ја преминал мојата граница за толеранција што е во ред, а што не.
Дискусијава може да оди до бескрај.
Пред се, во претходниот коментар напишав дека не напаѓам членови. Само се вртиш во место ти. Прочитај го пак ако не го разбра убаво.
Ефтини материјали се согласувам, со корозија ние немавме проблеми. Проблем беше само автопат, ама тоа не е кола за долго патување.
Ти кажуваш твое мислење, јас кажувам мое мислење кое е дијаметрално различно од твоето. Патем не се обидувам ништо да докажам, се обидувам да му помогнам на членот со своето "мало" искуство баш за ова возило. А реално за таа цена нема опел корса Ц.
Дискусија може везден да ја тераме. До сега се појавиа уште двајца задоволни од возилово
So keep calm and drive a bmw.(with manual transmission).