Автор Тема: Проблем со прскалки на стакла  (Прочитано 3441 пати)

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Проблем со прскалки на стакла
« на: 09 Ноември 2011, 17:58:40 pm »
Имам проблем со прскалките за вода на шофершабната и на задното стакло. До пред два-три дена работеа без проблем, денес не функционираа воопшто. Дотурив, ама пак ништо. Помислив да не е до осигурачот ама и тој е исправен. Кога ја повлечам рачката на назад за да прска вода се вклучуваат само бришачите. Во што би можело да биде проблемот. Се работи за Фиат Пунто 2002г.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #1 на: 09 Ноември 2011, 18:08:32 pm »
Се слуша ли зуење на моторчето од пумпата?

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #2 на: 09 Ноември 2011, 18:17:46 pm »
заборавив тоа да го пишам, не се слуша ниту звук. Ке можам ли некако сам да го направам или најдобро е да ја однесам колата на електричар

Отсутен bobi 903

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #3 на: 09 Ноември 2011, 18:23:04 pm »
ако се разбираш молку можеш и сам откачи го џекот од пумпичето и види дали доаѓа струја,ако доаѓа расипано ти е пумпичето ако не,барај осигурач или евентуално маса

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #4 на: 09 Ноември 2011, 18:26:32 pm »
Види, у принцип најбоље е да ја однесеш на електричар, за овој проблем нема да ти земе повеќе од 300 ден., под услов моторчето да е исправно. Како и да е, пред да отидеш, погледни да не е откачен конекторот од моторчето и ако имаш волтметар измери дали добива 12V кога некој од внатре ја повлекува рачката. Ако имаш напон, тогаш не ти чини моторчето или ти се кородирани (имаш голем прелазен отпор) контактите од конекторот на моторчето. Ако нема 12V тогаш види го осигурачот за моторчето (види да не си го промашил осигурачот) или не ти чини тастерот во рачката кај воланот со кој го активираш моторчето.

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #5 на: 09 Ноември 2011, 18:30:59 pm »
Неможам да најдам каде се наоѓа пумпичето. Пред неколку дена го вадев акумулаторот, ама не ми се верува тоа да има врска со проблемот.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #6 на: 09 Ноември 2011, 18:43:42 pm »
Тоа ти е во кантичката за течност за брисачи од долната страна. Незнам на Пунто дали е од истата страна од кај акумулаторот, мада можно е да си го истегнал...

Отсутен bobi 903

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #7 на: 09 Ноември 2011, 18:44:19 pm »
треба да е во гепек лево или десно под тапацирот а акумулаторот нема врска
се работи за задна шофершајбна или

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #8 на: 09 Ноември 2011, 20:03:00 pm »
и за задна и за предна, а не се ниту слуша звукот на пумпичето. Исто така не ми работат електричните подигачи на фаровите, али ако не се лажам тие престанаа да работат откако колата беше малку удрена на левото крило пред некоја година и беше скршена пластиката на предниот лев фар, па со тоа се помирив дека од ударот е расипано механизамчето, а и секако никогаш не сум ги ни употребувал подигачите на фаровите. А прскалките си работеа до пред 2-3 дена.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #9 на: 09 Ноември 2011, 20:45:49 pm »
провери, на страната кај шо е тубето за вода за прскалките, на таа страна види во подкрилито... кај мене се заглавуваше моторчето од нешто и јас незнам како, ама на 2-3 дена застанваше не работеше. значи во подкрилото, под тие пластиките треба да ти е моторчето. провери го него исчистиго, џековите види ги и слично.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #10 на: 09 Ноември 2011, 21:31:36 pm »
Чим не работат ни напред ни назат,наголема е можноста пумпата да ти е прегорена или пумпата да ти е извадена од кантичката или пак  евентуално конекторот од пумпата да е корозиран
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #11 на: 15 Ноември 2011, 14:06:39 pm »
Проработија прскалките, ги помрднав малку цревцата, го чукнав тубичето и проработија, најверојатно проблемот е нешто во каблите. Пумпата не се гледа, за да се дојде до неа најверојатно треба да се вади крилото. Не ми е јасно како проработи веднаш откако ја чукнав тубичката за течност.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #12 на: 15 Ноември 2011, 15:28:05 pm »
Па највероватно воздух имало во цревата или можеби вакум ??? важно си завршил работа и сеа си ;D ;D ;D

Отсутен Start Up Mac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1518
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #13 на: 27 Јуни 2012, 02:41:06 am »
Mene ne mi raboti zadnata prskalka ... prednite rabotat se slusa zuenje koa prskaat a zadnata samo brishacot si se vklucuva i ne prska .. care??

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проблем со прскалки на стакла
« Одговори #14 на: 27 Јуни 2012, 03:25:13 am »
пробај исчисти ја дизната,знае да се запуши па да не прска