Автор Тема: пасат - чуден звук од мотор  (Прочитано 3484 пати)

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
пасат - чуден звук од мотор
« на: 05 Октомври 2017, 21:51:31 pm »
здраво

пред некое време забележав од моторот (т.е. од под хауба некаде) ми иде некој чуден звук, како некое гребење на каиш или гума и сл. значи звук како некој да буши со бормашина, звукот е прилично тивок значи не е некој урлање или тропање, се јавува само кога колата е во лер и е загреана, во спротивно го нема. е сега нај чудно ми е што кога ке ја уклучам климата звукот скроз се губи, ама буквално го снемува, штом ја исклучам се јавува пак, и тоа не е битно дали климата е на ладење или греење и дали е пуштена на максимум или минимум, едноставо стискам на AC  копчето, климата се пушта и звукот го снемува а во едно и моторот почнува некако по смирено и по тивко да ми работи. бидејки колата е се уште под гаранција бев прошлата недела на сервис во порше и направија дијагностика и не јави никаков дефект, гледаа таму каиши и што ти ја знам т.е. 3 часа ја проверуваа и не најдоа ништо, ми рекоа дека некоја луфта било накде нешто и да не сум се секирал ич. во едно сменив додека бев таму и тоа сет ребраст каиш, водна пумпа, затегачи и што ти ја знам.... значи сето тоа што го викаат голем сервис, бидејки секако и на тоа ми беше ред веке поминав 120 000 км. и си мислеа дека до водната пумпа е ама ништо, звукот се уште е тука. иначе колава е пасат б7 2.0 тди 140 коња од тука е купена и цело време е сервисирана во порше, значи стандар сервиси, менување уље, филтри и сл. немала никаков друг дефект.

е сега, некој некој совет некое исклуство да имал со сл. проблем да сподели?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #1 на: 05 Октомври 2017, 22:54:10 pm »
Вака лаички,да не подмочува дизна?

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #2 на: 05 Октомври 2017, 23:17:09 pm »
Можно е проблем со затегачот на  ПК каишот да имаш. Малку некој луфт да има повеќе од што треба. Кога укчлучуваш клима компресорот му дава отпор на каишо и го затега на некој начин уште повеќе и го губи звукот. Друга опција е лагер на ременицата на самиот клима компресор.

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #3 на: 06 Октомври 2017, 07:09:52 am »
што е ПК каиш? нешто серизоно е или да не му ја мислам многу многу? ич не ми е проблем и климата да ја ставам на "ауто" и да возам така.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #4 на: 06 Октомври 2017, 08:19:50 am »
После 3 часовен преглед на возилото од Порше ти рекоја дека имало некаде луфта, ама да не се секираш ??
Озбилно!?

Многу професионално од Порше.

Види кој беше таму сервис за фау ве (митревски или како и да беше), однеси ја таму и види шо ќе ти кажат.
Инсистирај да се направи. Не можи така да вади звук и тоа да биди во ред.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #5 на: 06 Октомври 2017, 10:29:04 am »
Нека си гребе, терај си ти и немај си мака  ;D
Р'каш и од петици го влечеш. му пљукаш у фаца и корозија да фати.

Мењај сервисерот!

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #6 на: 06 Октомври 2017, 10:51:07 am »
каде да го однесам бе луге? прво не сум од скопје, не можам да одам секој ден за некој курташак да си игра со мене. и кај овие у порше кога им ја однесов сменија тоа каиши пумпи и сл. и ми ја донесоа колата еве ти ја ми рекоа се е тамам и го нема и звукот, и стварно го немаше. по 2-3 дена пак се јави. вчера баш го слушав и за тоа ми текна да ја отворам темава.... утрово ја палам се е тамам пак, дојдов до скопје пак се тамам се изгуби скроз звукот. се паркирав у гаража и седам слушам нема ништо. не знам како да им објаснам, денес еве да ја однесев ке ми речеа дека лажам. да сум од скопје на пр. вчера кога почна да се јавува ке ја однесев одма ама овака не бива.

некој мајстор у облешево ми кажаа многу добар бил да ја носам кај него или некој друг еве препорачајте ми, не се разбирам од коли воопшто и секоја сугестија и препорака е добредојдена. пари не се проблем така да не ми треба ни некој мајстор колку да си поминам со поефтино, ке платам се колку што треба најпошетно само да се среди проблемов, доколку е проблем воопшто.....

фала

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #7 на: 06 Октомври 2017, 10:53:10 am »
Кај мене пред околу 2 години се појаве ваков звук... немаше никаква луфта, сменив пк каиш и го снема звукот (не дека беше многу стар каишот, ама ете не му се погоде нешто па почна да цимоли :) ).

ЕДИТ: Си постирал додека пишував... Штом си го сменил каишот и пак се појавува тој звук... хм...
Во секој случај сними како звучи, па кога ќе го пронајдиш вистинскиот мајстор, да има увид во проблемот, колку-толку :)

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #8 на: 06 Октомври 2017, 11:19:44 am »
ке пробам, мада многу е тивок не знам дали ке се сними на телефонот. сега за сега ја ставив климата на ауто и се е тамам. кој знае, може и пред тоа уште од самиот почеток бил тука само никогаш не сум ја изгасил климата за да го забележам. :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #9 на: 06 Октомври 2017, 11:24:05 am »
Ќе ти кажев и друга финта (крнтија имам, се дешаваат куп заебанции :) ), ама веројатно не е тоа кај тебе. Кај мене уште кога ја купив пред нешто повеќе од 5 години, за брзо време почна да јавува некој звук, свирење, бормашина... ама за брзо увидов дека тоа се јавува кога ќе ја пуштам климата, со подмачкување на перката за клима, тој звук, скраја да е, го нема од тогаш... ама кај тебе е обратен момент, кај тебе го снемува звукот кога ќе ја уклучиш климата...

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #10 на: 06 Октомври 2017, 11:54:34 am »
што е ПК каиш? нешто серизоно е или да не му ја мислам многу многу? ич не ми е проблем и климата да ја ставам на "ауто" и да возам така.

ПК каишот тие каишто што го врти клима компресорот и алтернаторот. Генерално не е опасно дури и да се скине мали се шансите за штета да бидне како кога ќе се скине ребраст каиш.

Во секој случај гледај да се среди колата.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #11 на: 06 Октомври 2017, 14:23:26 pm »
Го снемува звукот кога ке пуштиш клима пошто компресорот од климата го оптеретува ПК каишот. Проблемот е или во самиот каиш или во ролер, затегач или каишница што вртат со ПК каишот.

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #12 на: 06 Октомври 2017, 14:29:04 pm »
и ова е како голем проблем или стандард? мислам прашањето ми е овој каиш и затегачи и што и да е може да го смени секој по саалам мајстор или треба да барам некој стручњак со опрема и што ти ја знам?

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #13 на: 06 Октомври 2017, 14:58:21 pm »
Или некој лагер/осовина во компресорот за климата има луфта и движи пред да е уклучен/под оптеретување. Или ако има уште некоја компонента алтернатор/водна пумпа или што ти ја знам па климата кога ќе го оптерети истиот каиш ја снемува луфтата. Или може и на радилица да има луфта па оптеретувањето од климата ја смирува. Може и каишите/ролерите/затегачите да се фабрички лоши што ти ги смениле на последниов сервис сеа.  Уствари добар мајстор ти треба пошо 90% од теорииве што се набројаа во темава се могучи сценарија.
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: пасат - чуден звук од мотор
« Одговори #14 на: 06 Октомври 2017, 15:00:12 pm »
сватив тоа дека добар мајстор ми треба :) и кој е добар мајстор според вас? пошто во порше се очигледно ташаци мајсторите :)