Ова е еден од подобрите лаптопи што се нудеше кај нас. Речиси без дефекти и без ниедна маана, освен ако се занемари рефлексивниот екран, но во тоа време само такви се нудеа кај сите модели за тие пари.
Понудава е одлична само цената да се искорегира соодветно.
Не би рекол дека е нешто посебно квалитетен овој тип на лаптоп. Ги имам два. Сеуште си функционираат ОК, но и на двата имаа еден куп дефекти. На едниот по неколку месеци се расипа матичната плоча, па ја менуваа. После тоа кај двата адаптери имаше проблем, едниот го заменија, а кај другиот беше во тој период истечена гаранцијата па јас сечев лепев и монтирав кабли. Пред еден месец се расипа тастатурата кај едниот, али од кај чичко Али ја заменав за десетина долари. Но најголем проблем кај овие лаптопи е лошата изработка на држачите (ментешки, не знам како е литературно
на мониторот. По година-две користење и на двата се искршија, односно се изрони/искрши пластиката, па требаше да се отвара лаптопот, да се изработуваат нови лежишта за штрафчиња from scratch (hint: суперлепак, тефлонска лента и сода бикарбона) за да можат да се заштрафат на ново држачите.
Да не грешам душа, моите Acer Aspire E1 се i3-ки, и постари се од 2 години (E1 571, можеби кај поновите модели овие проблеми ги имаат решено.