Убаво викаат сите погоре Rehau или Salamander.
Е сега...
Рехау имаат убави модели како овај што го споменува ахтунг - генео. Фантазија од профил, без метал во него и со многу добра енергетска класа.
Генеото доаѓа само со 3 стакла.
Саламандер има кај нас фејк. т.е. профили некој со сумливо потекло и доста поевтини. Значи ако одиш на Саламандер земи од 3 различни места понуда. Ако едно од нив одскокнува со ниска понуда, отфрли ја.
Нормално колку повеќе стакла тоа подобро, ама и поскапо.
За сталото имаш 2 типа. 4 сезони и К- стакло.
К - стакло има посебна намена каде треба да се рефлекира топлина и светлосни зраци. Тоа батали го. 4 сезони ти е за дома.
Како што спомнаа погоре најбитен е оковот. Добар оков и со лош профил ќе си биди како што треба.
Одлични окови кај нас ти се: Roto, Sigenia (германски) i winkhaus (австриски) како пониска класа. Друго не гледај.
Освен ПВЦ разгледај и алуминиумски. Сега почнаа да прават многу добри со термо изолирани алу. профили. Alumil се врв кај нас и имаат одлични прозори.
Башка тоа почнаа да ги фарбаат во повеќе нијанси и можиш да си порачаш боја со елоксажа, милина.
Исто така битна ставка ти е монтажа. Најди си добра, квалитетна фирма со гаранција. Не, некој комшија што знае да мести прозори.
Добар мајстор многу значи.
Во меѓу време размисли и за парапетни даски (даските под прозорите). Обично од внатре ставаат пластични (кои се ситемски со прозорите од линијата на рехау на пр. ), а од надвор алуминиум.
Можиш да ставаш и некој камен (мермер, гранит....) или дрво. Изборот е твој.