Кими, посоодветно е да кажеш во своето стадо. Овцата е сепак посоодветна асоцијација за она со кое се поистоветуваш.
Фаците како овие твоиве херои се во стадото, ама не се овци туку овчари. Ќе си пасеш таму каде што ќе ти дадат да пасеш ако ти дадат и ќе те стрижат и музат кога сакаат, колку сакаат и како сакаат, а притоа најмногу што можеш да направиш е да си блееш. И тоа можеш да го правиш колку сакаш, овчарот ич к*р не го боли за тоа како ти е тебе, битно е да си на број и редовно да даваш количини вуна и млеко.
И уште нешто, на планетава постојат два типа на луѓе: робови и робовладетели. И тоа е така од кога постои човекот па до ден денес, различна е само формата. Не секој има можност да одбере дали ќе биде роб или робовладетел, а и не секој кој има шанса избира да биде робовладетел. Епа во примерот погоре робовладетели се овчарите. Останатите се овци.
А овците (и сите останати живи суштества на планетава освен луѓето) не размислуваат свесно, а за да опстанат мора да живеат во групи-стада и сите активности да ги прават колективно. Од друга страна овчарот свесно размислува и одлучува кога и какви активности ќе имаат неговите овци. За Бајрам/Велигден јагнињата одат курбан, па ако имаш среќа и ти ќе одиш курбан. Немаш избор, односно стадото нема избор. Овчарот е тој кој избира.