Автор Тема: Купувам карбуратор за Фиќо 850.  (Прочитано 1164 пати)

Отсутен Zrnjan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Купувам карбуратор за Фиќо 850.
« на: 28 Март 2017, 13:22:15 pm »
Здраво екипо!

Првпат пишувам на форумов, иако порано го имам читано за да видам што пишува, има интересни теми.

Вака.
Ми треба да купам карбуратор за Застава 850 (Фиќо). Фиќото е семејно наследство, произведено во 1983 година и е во одлична состојба - гаражирано на провев, во темна гаража, моторот работи одлично, чисто е, не е скапано, уште оди 70км/ч без да загрева па може и 80 км/ч, заштитено, сервисирано со сите редишта, во фабричка состојба со фабричка опрема, нема никакви паметњачки механичарски финти на него со преправање полуосовини од 101 и такви нешта, ами сето е фабричко. Е сега карбураторот попушти (фабричкиот е) и ми треба нов карбуратор. Ако знаете каде можам да најдам нов карбуратор супер, ако знаете каде можам да најдам зачуван функционален карбуратор пак супер. Ќе очекувам да видам што ќе кажете.

Поздрав и фала за времето.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Купувам карбуратор за Фиќо 850.
« Одговори #1 на: 28 Март 2017, 13:44:54 pm »

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Купувам карбуратор за Фиќо 850.
« Одговори #2 на: 28 Март 2017, 16:03:49 pm »
Пробај на ебеј со каталошкиот број
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Купувам карбуратор за Фиќо 850.
« Одговори #3 на: 30 Март 2017, 10:31:00 am »
teshko da najdesh nov a i da najdesh skapi se

Отсутен Zrnjan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Купувам карбуратор за Фиќо 850.
« Одговори #4 на: 04 Април 2017, 01:18:57 am »
Екипо најдов, нов, го добив од Белград од кај еден механичар, после долго вртење по телефони. Денес го добив, утре да одам да си го земам Фиќото со нов карбуратор. Ме чинеше 3000 денари за да го добијам карбураторот. Ви благодарам на сите за времето и енергијата. Баш ме интересира дали стварно причината лежеше во карбураторот. Ако не е во него причината, ќе си возам нов карбуратор. Ќе видиме. Сепак благодарам за времето.