Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 87175 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #90 на: 29 Август 2017, 10:59:21 am »
Задолжителни се таму?


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #91 на: 29 Август 2017, 12:14:09 pm »
Не, ама после едно поминато зимо т.е. пролет кога солта е на пат и лом се прави цело ауто. Ова колку толку ќе помогне.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #92 на: 29 Август 2017, 13:41:09 pm »
Добра работа се овие, ама некако не ми иде да ги ставам на кола ми кршат ќеф.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #93 на: 29 Август 2017, 13:44:36 pm »
Поготово на ГТИ :D Jaс 50% ги ставив заради практичност 50% заради изглед. Мене барем визуелно колата ми ја прават поубава. Општо за кој било караван.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #94 на: 29 Август 2017, 14:02:56 pm »
За караван се согласувам, да не беа функционални немаше да ги возат на рели трките :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #95 на: 06 Септември 2017, 13:02:21 pm »
После 15 мецеси оприлика од кога е купена, денеска на 06 Септември 2017 прв редовен сервис на 30.000км. Промена на масло, филтер за масло, филтер за полен, додадено 200 грама антифриз и инспекција (од преглед на подвозје па се до притисок на гуми, течности, светла, рачна кочница, глицерин, кочници и многу други работи да не ги спомнувам).

Ми посочија има некаков recall за аутохолд функцијата која што софтверски се апдејтува само и го средија и тоа. (46G7-S-parking brake control unit https://www.motor-talk.de/forum/volkswagen-servicemassnahme-46g7-t6044680.html?page=4 повеќе информации). Јас лично никогаш не сум имал проблем со аутохолд и го користам цело време но добро е што го апдејтирале софтверот.

Нареден сервис на 60.000 или 2 години. Тука мислам освен редовен сервис има плус промена на свеќици и глицерин.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #96 на: 21 Септември 2017, 13:56:59 pm »
Ми текна да си напишам од поминатите километри кои се најголеми плусеви и минуси за овој период. Нека си остане ова за историја кога ќе читам после неколку години  :)

Плус
- Презадоволен од моторот, особено при поголеми брзини. 100-180км/ч на пример многу лесно се постигнуваат. Пример треба да претекнеш колона шлепери ставаш во 4-та возиш 90км/ч и ја тегнеш во иста брзина до 160 км/ч без проблем и за кратко време. Едноставно не го очекував ова од 125кс. Но реален сум нормално во истео време, не е ова ауто од 150кс +
- Греачи на седишта (еден од најголемите благодети во зима). Друг коментар не е потребен и се греат за многу брз време без чекање.
- Старт/Стоп за во град функционира без никаков проблем и го користам цело време. Не се осеќа кога се пали моторот.
- Ауто холд - би го ставил во топ 3 работи. Многу корисен кога дремеш на семафор стискаш на кочницата се пали зелено П на шал табла и си ги одмараш нозете без да држиш кочница а колата си стои во место. На женски особи особено корисен при угорници.
- Тивко ауто и стегнато ауто со многу добра изолација. Големи дупки се проследени со нула вибрации или крцкања во кабина. Како возач/патник во кабината се има чувство дека си изолиран од лоши патишта  :)
- Огромен гепек кој што е секогаш корисен. Ни најмалку нема каење што не земав хеч. Ако некогаш купувам наредно ауто (семејно) никогаш нема да биде хеч. Караван или џипче.

Минуси
- 50 литра резервоар за гориво. Мамицата нивна мамина. Многу ме нервира ова и е дефинитвно нешто што во последниов период од голф класа сите автомобили имаат мали резервоари. Некни прочитав дека астрата е 48 литра. Не се нормални и ова е веројатно најголемиот минус. Има огромна разлика од 50 до 60 литра особено на отворено каде што во пракса би значело минимум 170км поголема аутономија. За жал, поголем резервоар за гориво се нуди само во поголемите класи. Дури и таму кратат.
- Особено во зима на незагреан мотор е малце заебано тргнување на семафори. Треба да си добро уходан со куплугот и гаста и да тргнеш мазно а не како возач почетник
- 2-3 пати во зима се случува мијачот за фаровите што прска при враќање да не се врати скроз назад, веројатно од ладно/мраз. Но малце со рака ќе го бутнеш и се враќа во линија со самиот браник
- Џабе перење на предни бандажи при само 5 км возење се црни од дисковите/плочките. Многу брзи се прљаат и нервира.

Тоа е сеа за сеа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #97 на: 19 Октомври 2017, 21:08:59 pm »
Денес на 32.000км монтиран зимскиот сет. Наредна недела се очекуваат температури под 0  :D

Со летниот сет поминато 11.000км за скоро 7 месеци.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #98 на: 29 Октомври 2017, 18:14:57 pm »
Градска вожња во недела  8) реално работни денови просечната би била за некој км/ч подолу и потрошувачката плус пола литро до литро



Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #99 на: 23 Декември 2017, 21:16:27 pm »
Не ми замерувајте, си пишувам ова како дневник чисто да си знам за во иднина.

37.000 км поминато односно 7.000 од кога е променето уљето. Денеска го проверив нема ни милиметар потрошено. Ќе видиме понатака како ќе биде како што километражата расте.





« Последно менување: 23 Декември 2017, 21:22:21 pm vlatko.klp »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #100 на: 08 Јануари 2018, 09:32:17 am »
Фала курцу, изгреа сонце и овде 

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #101 на: 08 Јануари 2018, 09:43:51 am »
Ретко го има? Јас искрено не би можел да живеам долго негде на такво место. Ептен ми влијае сонцето на расположење

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #102 на: 08 Јануари 2018, 09:46:49 am »
Ноември и Декември се дефинитивно најлоши месеци али колку толку сум навикнат, веќе 9 години. Пред некој месец правев крвна слика и Д витамин ми беше 13 а треба да е од 30-100. И си лапам Д витамин сега секој ден :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #103 на: 08 Јануари 2018, 09:50:18 am »
Па добро и кај нас зимно време не верувам дека некој има ссодветно ниво на витамин Д.

Претпоставувам барем чист воздух дишеш

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #104 на: 08 Јануари 2018, 10:12:21 am »
Брееј за помалку од една година и натепа ~40.000км. Бетер од швабиве си.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.