Автор Тема: Opel Meriva A 1.7 CDTI  (Прочитано 71120 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #255 на: 29 Април 2020, 22:12:06 pm »
Одлично изгледа на слики, а се надевам и во живо. Добар дил, освежена, подмладена.....

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #256 на: 29 Април 2020, 23:17:27 pm »
Аирлија.



Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5627
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #257 на: 30 Април 2020, 08:32:47 am »
Нова нова 😁

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #258 на: 30 Април 2020, 12:57:15 pm »
Чисто нова. УНИКАТ!!!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3811
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #259 на: 01 Мај 2020, 15:43:24 pm »
Фала на сите момци.

Не дај боже да дојдете до момент за фарбање, ама ако дојдете, со убаво да ви се враќа :D

Отсутен King Eric

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #260 на: 08 Мај 2020, 08:34:49 am »
читав дека мерививе имале голем проблем со сервото. знаело на сред возење да откаже, се вртел воланот, но многу потешко, што според мене е голем безбедносен ризик. Си приметил некој таков проблем кај тебе?

Sent from my wt88047 using Tapatalk
Година и 3 - 4 месеци (и околу 10.000км), секој ден се вози колава, такво нешто се нема десено.

Се надевам нема и во иднина.

Sent from my Redmi Note 4x
Купив половна Мерива (1.7, 2006 година) пред месец дена и после неколку возења ми се појави овој проблем. Значи скоро веднаш после тргнување светнува ЕПС ламбичката и воланот се укочува и многу е тежок за управување. Успеав да ја паркиран и се јавив на пријател кој има Мерива, кој ми потврдри дека го има истиот проблем со спвет исклучи ја колата и пак запалија и терај. Така и беше по повторно палење нема проблем. Ова ми се деси уште 2 пати до сега и приметив дека се дешава само кога врне. Мајсѕорот каде што го правеве редовниот сервис (искусен и мислам добар мајстот) жи кажа дека тоа е фабричка маана на Опел и ми го потврди горенваеденото (изгаси и пак запали) и ако нема проблем терај само чош сигнал се дава и ради заштита воланот се укочува.
Како нов на форумов сакам да ве прашам за ваши искуства. Инаку зборев и со уште некои луѓе кој ми го потврдија ама баш истото.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1721
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #261 на: 08 Мај 2020, 08:57:38 am »
Смени го мајсторот. Опасно е да ти се скрутува воланот во возење, а сегашниот мајстор не знае да го поправи или не сака да се замара.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #262 на: 08 Мај 2020, 09:31:47 am »
Има фабрички маани по коливе што тој што ја конструирал не знае да ги отстрани, а не механичар.

Така да, избрзана ти е реакцијата.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1721
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #263 на: 08 Мај 2020, 09:42:01 am »
Членов вика дека е искусен и мисли дека е добар мајсторот, но не значи ако има долги години искуство дека знае да работи како што треба. Тоа што се поправа со чеканот, ќе го поправи, а тоа што не знае е фабричка мана или така треба да биди. Имам искуство со мајстори што не знаеле нешто да го поправат и велат дека така треба да биди. Одам на друг мајстор (во меѓувреме повеќе мајстори го велат истото како првиот) и проблемот се решава.

Впрочем ми се има случено да ми се скрути волан во возење на Плетвар (ми изгасна колата во возење, Опел Инсигнија  :) ). Среќа го држев воланот со 2 раце па исконтролирав ситуација во кривината во која бев влезен. Воланот на кола која има серво а не работи е многу потежок од воланот на кола која воопшто нема серво.

Казан извини за ОТ.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3811
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #264 на: 08 Мај 2020, 09:42:53 am »
Мене ова ми се деси само еднаш... И тоа ми се деси во момент кога ми беше заебан алтернаторот...

Во моментот кога тоа се случуваше, напонот идеше и до 18в, па самиот компјутер со цел да ги заштити некои од системите, ги исклучуваше... Меѓу нив беше и сервото, парното...

Откако си го средив алтернаторот, а и пред тоа, не сум го имал овој проблем.

Sent from my Mi 9T Pro


Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1818
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #265 на: 08 Мај 2020, 09:48:57 am »
Колега на Киа Цеед го имаше истиот проблем, му се гасеше сервото во сред возење, цело време му светеше АБС, среди алтернаторот и други проблеми што имаше надвор од серво и кочници, и се му се оправи.

Така да не е само кај Мерива ова.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6946
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #266 на: 08 Мај 2020, 09:54:26 am »
Истото сакав да го кажам, ми се случило на друга кола серво д откаже бидејќи акумулаторот откажал.

Јас би советувал кај Маршер да се однесе, ако он не и најде чаре, тоа е тоа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #267 на: 08 Мај 2020, 10:28:37 am »
Мене ова ми се деси само еднаш... И тоа ми се деси во момент кога ми беше заебан алтернаторот...

Во моментот кога тоа се случуваше, напонот идеше и до 18в, па самиот компјутер со цел да ги заштити некои од системите, ги исклучуваше... Меѓу нив беше и сервото, парното...

Откако си го средив алтернаторот, а и пред тоа, не сум го имал овој проблем.

Sent from my Mi 9T Pro
И јас како сопственик на мерива го имав истиот проблем кога ја земав колата. Најчесто проблемот не е до сервото туку до напонот што оди до него. На мала варијавија на напон дали висока или ниска прво што се гаси е сервото. Провери алтернатор и акумулатор.
Кај мене проблемот беше што колата долго време не беше возена па се подиспразнил акумулаторот.

Доколку сијаличката свети и по гасење и палење на колата тогаш проблемот е во сервото.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен King Eric

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #268 на: 08 Мај 2020, 12:05:23 pm »
Мене ова ми се деси само еднаш... И тоа ми се деси во момент кога ми беше заебан алтернаторот...

Во моментот кога тоа се случуваше, напонот идеше и до 18в, па самиот компјутер со цел да ги заштити некои од системите, ги исклучуваше... Меѓу нив беше и сервото, парното...

Откако си го средив алтернаторот, а и пред тоа, не сум го имал овој проблем.

Sent from my Mi 9T Pro
И јас како сопственик на мерива го имав истиот проблем кога ја земав колата. Најчесто проблемот не е до сервото туку до напонот што оди до него. На мала варијавија на напон дали висока или ниска прво што се гаси е сервото. Провери алтернатор и акумулатор.
Кај мене проблемот беше што колата долго време не беше возена па се подиспразнил акумулаторот.

Доколку сијаличката свети и по гасење и палење на колата тогаш проблемот е во сервото.
 Се е во ред кога се исклучива и вклучува колата, проблемот наводно е до сензорот кој дава погрешна информација. Како што кажав ова ми е кажано од неколку луѓе/познаници кои имаат Мерива и на нив исто им кажале, дека ако по гасење/палење се враќа во нормала нема проблем.
 Скоро 1000км имам поминато од кога ја купив и се е во ред освен овој проблем. Читам и по странскиве горуми и пд Опел е признато дека е фабричка маана и на коли до 10 години бесплатно им средувале. Како што кажав мене самп кога врне (немам гаража) ми се дешава.Ако се сеќавам мајсторот ми кажа дека на влага реагирало најмногу.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5627
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #269 на: 08 Мај 2020, 22:34:12 pm »
Вчера ми се случи да снемам серво на пежо 307,ме заеба у Велес и тоа горе на којник плоштадот,надоле по кривините едвај се симнав,потоа на излезот кај лукоил се управи.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk