Автор Тема: Проблем со пежо 206 1.4 бензин  (Прочитано 2555 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« на: 25 Јуни 2016, 17:04:43 pm »
Го имам следниов проблем, кога врне или после миење колата ми трохира и чек сијаличето трепка и бипка. Прво забележав вода како капе од прскалките за шофешајбната, па течеше по цревата и капеше директно кај инјекорите, тоа капење го решив со силикон, па забележав вода над едниот конектор од компјутерот што е над десното предно тркало, ја спречив водата со гума направив и капаче за компјутерот вода нема повеќе таму, ги извадив и конекторите на компјутерот и испрскав со контакт спреј, ама кога отворив немаше ни влага ни корозија. На дијагностика покажа дека едниот инјектор не работел и грешка на ламбда сондата пред катализаторот. Кога е суво колата нема никаков проблем, ама после дожд одма почнува. Турав вода со кофи гледав кај тече ништо не можев да забележам, проверив под воланот кај релеата и мислам дека бсито на 206 ката е таму ама не забележав вода
. На сервис ја удавивме во вода 15 мин ја прскавме и работеше пола сат и ништо не јави проблем, ама другиот ден одма почна со брејк денс. Иначе симптомите се, работи буквално како волксваген буба од старите, не прима гас и во место обртаите варираат константно. Шо пропуштам?

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2071
Одг: Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« Одговори #1 на: 25 Јуни 2016, 20:14:55 pm »
Разводната капа да не ти е потпукната/изместена па влегла влага внатре. Значи додека си работи колата нема гајле од влага, тек кога ќе се подизлади влагата кондензира и праи проблем. Го имав истиов проблем на две коли до сега.

Не знам каква е разводната капа кај тебе али ако е обична без бобина е евтина. 99% ти е до неа проблемот.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« Одговори #2 на: 25 Јуни 2016, 20:18:57 pm »
Нема разводна капа на таа, само бомбина, да не те заебава бомбината на влажно нешто, интересен и смотан проблем
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« Одговори #3 на: 26 Јуни 2016, 21:23:10 pm »
Провери си ги минусите што одат на моторот, компјутерот и акумулаторот за шасија да немаш негде корозија или лоша конекција.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« Одговори #4 на: 11 Јули 2016, 00:12:59 am »
Ги проверив минусите нема корозија и не оди вода натака. Откако ги средив прскалките вода оди само напред кај фаровите кај што и треба да оди. Сега ми прави проблем и на суво време еве 2 недели скоро нема дожд охрид ама трохира колата. Забележав дека почнува кога стискам квачило и ќе падне на мала гас, а и кога работи во место обртомерот варира, дали е можно автоматчето за лер гас да зеза?

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« Одговори #5 на: 26 Август 2016, 19:38:48 pm »
Мал апдејт. Колата ја однесов на дијагностика, покажа грешка на третиот инџектор, short circuit to positive or negative, баш на тој што мислев дека капе водата. По консултација со неколку механичари кои упорно тврдеа дека е бомбината купив нова валео 7400 денари. Но проблемот не се реши, така да сега имам 2 исправни бомбини и нерешен проблем. Денес сакав да ги демонтирам инџекторите и да ги шприцнам со контакт спреј и да го заменам третиот со некој друг па ако пак се јави проблем на истиот инџектор на друга позиција ќезнам дека е до него. Ама не можев никако да ги отпуштам штрафовите тотално беа запечени, па само го одштекав третиот инџектор и шприцнав контакт спреј. После ја возев колата едно 30 минути и немаше никакво трохирање, па ќе видам деновиве дали пакќесе јави. При склопувањето направив една глупост, металниотосигурач што ги држи конекторите ми испадна негде и не можам да го најдам, ако има некој идеја кај да најдам таков осигурач а да не морам комплет каблите со конектори да ги купувам или да предложите друг начин како да ги фиксирам. Делчето екако метална жица во форма на буквата п, дебелина како спајалица.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« Одговори #6 на: 26 Август 2016, 20:03:35 pm »
Премотај една пластична стега преку конекторот и преку дизната надолу, или кај некој механичар ќе најдеш или уште подобро електричар.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Проблем со пежо 206 1.4 бензин
« Одговори #7 на: 13 Септември 2016, 19:35:24 pm »
Проблемот е конечно решен, купени се 4 нови инџектори комплет со шината и каблите. Извозев денес 100 километри немаше никаков проблем. Може клуч на темава