Се работи на голфчето,целта да се добие овој изглед,набавени доста делчиња,благодарност до Дарко и Дарио кои помагаат со некои совети и препораки.
Да почнеме од предницата набавено спојлерче на челен лим и истото си легна перфектно зошто си ги имаше сите 5 дупки,во потрага по хромирани лајсни на предна маска,под хауба си доби ново хладњаче,средени фаровите околу средно и долго светло зошто сијалиците немаа држач,моторот е одличен,внатрешноста моментално се средува околу изолацијата на шал-табла,патосот и страниците ќе се затвори комплет со термичка и звучна изолација,денес прошетани отпадите во тетово и гостивар има интересни комбинации од голф 2,3,ибица recaro треба само да се одлучиме.Назад работевме на некои ситни дупчиња кои ги затворивме со безбоен силикон,купен кедер за гепек и истиот наместен,залепени gti странични линии со црна мат фолија,извадени хромираните странични лајсни на нив ќе дојдат комплетно црни од gti,вчера средени и пластичињата на браниците кој на нив имаа дупки кои ги исполнивме со пластика,средени и шприцнати во црна мат,монтирани нови кваки на вратите,во потрага по целосни,полни пластични полумесеци,март/април монтираме 175/50 13,во план се и snowflakes 14.