Автор Тема: Honda Civic 1.4is  (Прочитано 53967 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #90 на: 06 Март 2016, 23:27:38 pm »



Средени исполирани изгланцани бандажите благодарност до martin_bt. Одлично завршена работа, останува утре да се монтираат летните гуми.

И во меѓувреме претрча ограда...

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #91 на: 08 Март 2016, 23:29:39 pm »
 Вчера после изминати 3581 километар извршена промена на зимскиот сет.Зимските гуми hankook winter icept rs се покажаа одлични, немаше некоја лоша зима ама ги пробав за снег без никави проблеми имаат доста краток пат на запирање, не лизгаат држат во кривини.Возени се според условите на патот и домаќински.

Монтирани се бандашите со летни гуми matador mp47.



Првите впечатоци се позитивни.Само што ги наместив заврна дожд па пробани се на влажно држат солидно во кривини.Она што најмногу пријатно ме изненади е тоа што е мека гумата.Иако нископрофилна не многу нарушена удобноста на колата.

Купени и praxis бришачи банани две за напред.
Порачан десен штоп.До петок би требало да го имам.
Следно на листа фарбање на хауба,кров,спојлер и санирање на полумесеците назад.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #92 на: 08 Март 2016, 23:45:24 pm »
 Дај им малце време на гумите да се разработат па после кажувај импресии

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #93 на: 09 Март 2016, 00:18:18 am »
Дај им малце време на гумите да се разработат па после кажувај импресии
Таков е првиот впечаток, како ќе се покажат допрва, еве не знам... ќе видиме.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #94 на: 09 Март 2016, 02:29:31 am »
Дај им малце време на гумите да се разработат па после кажувај импресии

Ја пробав и јас вчера, добро лежи вкривина. Нормално и количето механички си е коска. :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #95 на: 09 Март 2016, 15:34:55 pm »
Топ сте ги средиле со Мартин бандажите и одлично легнале на Хондичето!

Со здравје да се возат! :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #96 на: 10 Март 2016, 23:16:20 pm »
Топ сте ги средиле со Мартин бандажите и одлично легнале на Хондичето!

Со здравје да се возат! :)
Се потруди Мартин за да изгледаат како што изгледаат.И јас му бев од помош малку :)
Во живо изгледаат уште подобро.И фала

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #97 на: 28 Април 2016, 23:31:03 pm »
Plinot do kaj e?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #98 на: 28 Април 2016, 23:33:41 pm »
Plinot do kaj e?
Namesten e veke....
Sum zaboravil da pisam vo temata :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг:
« Одговори #99 на: 28 Април 2016, 23:40:25 pm »
На 26.04 напраена е конверзија на LPG.
Системот е autogas easy green, торусна боца од 38l, полначката наместена кај отворот за бензин полнење.Имаше доволно место за да нема потреба од адаптер да се користи за полнење.Плинот монтиран за помалку од 6 работни часа кај Менде PlinMont.цена 390 евра.
Наредниот ден поднесени документи за атестирање на системот.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #100 на: 08 Мај 2016, 23:59:48 pm »
Update: На 06.05 атестиран плинскиот уред, после 3 дена секс по државни институции.Дегените од мвр се неспособни 4 лсита хартија да ги средат како шо треба....
 
Недела сабајлечки измиена и малку позирање :)




Наредно на листа е фарбање на кровот и хаубата.И средување на полумесеците.И некои други ситници што мене ми сметаат.


И во меѓувреме ќе мора со пиксни да се поткрени малку назад, сега има и дополнителна тежина со боцата за плинот.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #101 на: 09 Мај 2016, 21:12:10 pm »
Таман сега имаш подобар баланс на тежината :)
Да се изнавозиш за мерак!

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #102 на: 10 Мај 2016, 01:05:57 am »
Ах пуста комшивка белег ти остај на кола да ја памтиш ....
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг:
« Одговори #103 на: 10 Мај 2016, 08:38:44 am »
Ах тие кoмшики :D

sent from Tapatalk


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #104 на: 10 Мај 2016, 16:53:44 pm »
Комшивката да знај шо пропушта......

On topic:
Денес после 5607 извозени километри, променато е маслото и филтерот за масло.Цена 1950 денари.

Ми се прероди моторот со Mobil, разликата е како ден и ноќ.Ептен посмирено работи моторот сега за разлика од total со ова ми доаѓа како нова кола да имам :)

Следно на листа е фарбање.
 се надевам ќе ја погодат бојата....