Автор Тема: Проблем со компресор за клима на CITROEN C3  (Прочитано 1959 пати)

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Имам проблем со климата, не лади, претпоставував дека е фреонот, бев во Цилаз и се воспостави дека нема воопшто фреон, дека некаде има дупка. Претпоставуваат дека е некое црево или пак хладњакот за клима. За хладњакот ми кажаа цена некаде одколу 11000. Дали некој има некое искуство со ваков пробlем и дали знае цени за хладњаци и црево за клима и од каде можат да се набават.
« Последно менување: 01 Јуни 2015, 16:01:39 pm dezopp »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со хладњак за клима и црево на CITROEN C3
« Одговори #1 на: 24 Мај 2015, 20:03:46 pm »
пробај кај цеко, автоклима се вика сервисот, близу раде кончар е... сервозот е поприличнп снабден со резервни делови... верувам и дека е поевтин од цилаз...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Проблем со хладњак за клима и црево на CITROEN
« Одговори #2 на: 01 Јуни 2015, 14:39:38 pm »
на сервис се покажа дека не е до хладњакот или пак некои црева, и сега тие викаат дека е до компресорот, некакви гумици, или незнам што. Дали има некој сознание дали може да не дихтува токму поради компресорот па поради него да се губи фреонот.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Проблем со хладњак за клима и црево на CITROEN C3
« Одговори #3 на: 01 Јуни 2015, 14:51:35 pm »
Може.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Проблем со хладњак за клима и црево на CITROEN C3
« Одговори #4 на: 01 Јуни 2015, 14:53:20 pm »
Мислиш деке е цркнат компресорот скрос, или пак дека се проблем гумиците? И ако се проблем гумиците колку е нивна цена отприлика?

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг:
« Одговори #5 на: 01 Јуни 2015, 15:18:03 pm »
Ако се истите гумици што ми ги мењаа мене платив 500/600 денари за нив. Исто како тебе мислев дека компресорот е цркнат, а се испостави дека е во одлична состојба, многу малку ослабнет

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Проблем со компресор за клима на CITROEN C3
« Одговори #6 на: 01 Јуни 2015, 15:31:40 pm »
Не се разбирам многу, но спред мене доколку е цркнат компресорот тогаш не би ладела климата, а во мојот случај некаде не дихтува се губи фреонот. Така да не сум сигурен дека ако е цркнат компресорот дека се губи фреонот, тоа не ми е јасно дали е можно
« Последно менување: 01 Јуни 2015, 16:00:49 pm dezopp »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со компресор за клима на CITROEN C3
« Одговори #7 на: 01 Јуни 2015, 23:11:54 pm »
на сервис се покажа дека не е до хладњакот или пак некои црева, и сега тие викаат дека е до компресорот, некакви гумици, или незнам што. Дали има некој сознание дали може да не дихтува токму поради компресорот па поради него да се губи фреонот.

друже... прво дали ја однесе кај цеко, како што ти препорачав, и можеш ли да кажеш како се испоставило дека се гумици на компресор? ако си ја однел во сервис саглам и дознале дека се гумици, веке ке си имал понуда за замена и сервисирање на нив, со цена, а не да прашуваш на форум колку тоа кошта...

значи кошта следново:
-гумици
-работна рака
-комплетно ново полнење на фреон.

и тоа не е 500-600 денари... по моја слободна проценка, (повторувам слободна проценка) збориме за околу 50-тина евра комплет се.. може и поише...

и пак да прашам, како дознавте дека се гумици на компресор? од око некој заклучи? затоа што за да дознаеш дека се гумици на компресор отидени, ке мора прво да се наполни климата под притисок, па тек тогаш се гледа од каде диши.. всушност, скоро секој дефект со дишење на било која клима се проверува на тој начин, со полнење и притисок...одокативни заклучоци веќе виде претходно: хладњакот дишел и цревото...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Проблем со компресор за клима на CITROEN C3
« Одговори #8 на: 14 Јуни 2015, 01:26:11 am »
Јас сум вработен во сервисот што го спомнува онак, предихтување на компресор е околу 80е, но немора да значи дека е тоа, може да се милион други работи кои може се и поефтини за поправка. Системот се полни со фреон + флуросцентна боја, потоа се гледа со УВ лабпа каде дише па се тера понатака..