Влегува човек во бар и прашува:
- Каков коктел ќе ми предложите?
Шанкерот вели:
- Па нашиот најнов - едно, две, максимум три!
- Е каков е тој коктел?
- Па земаш едно тенџере. Истураш во него една чаша вотка, две, максимум - три. Потоа додаваш чаша коњак, две, максимум три.
Потоа додаваш чаша виски, две, максимум три. Потоа додаваш кригла пиво, две, максимум три во тенџерето. Ги мешаш убаво.
Си ставаш една чашка, две, максимум три, потоа стануваш и правиш чекор, два, максимум три!