Aнти-кампањата што владејачката партија ја води против кандидатот за градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски, ги инспирира и испровоцира твитерџиите. Со луцидна сатира, тие иронично ги забележуваат сите „гревови“ што Жерновски наводно ги направил во животот, а тие ги „откриваат“. Еве само дел од нив:
#Жерновски на физичко не носел патики за вежбање и ја прљал салата.
In #Жерновски non veritas.
#Жерновски има уште непријавен имот - куќата на кучето!
#Жерновски ја искривил Крива Паланка.
#Жерновски еднаш купил Орбит мастики и не зел кусур. Од каде толку пари??
#Жерновски: "А мооожев, и у прв круг да те тепам сега, но среќата ко сон ми бега, антикорупциска на врата чека, нека чека, неека чека..."
#Жерновски ја убедил баба му дека не е гладен!
#Жерновски како дежурен, еднаш не пријавил отсутен ученик.
Го најде ли новинарката од Шител, #Жерновски за да му ги постави прашањата за вистинскиот Андреј?
#Жерновски никогаш не давал лист од тетратка, лажел дека му е помината средината"
#Жерновски влегол во Гинисова книга на рекорди за најдолго прикажување на кандидат од опозиција на #Шител
Коа Цацко рекол Дај друго дете, го дале #Жерновски
#Жерновски добил четворка на тема барок
#Жерновски на Фејсбук, под ниту една слика од жена му нема искоментирано „Најубава“.
#Жерновски уште има маус со топче.
#Жерновски правел муабет со шоферот у ЈСП и се потпирал на вратата!
#Жерновски има влезено во продавница со македонски сувенири и ништо нема купено од неа.
#Жерновски на Велигден се нема заљубено.
#Жерновски рогал кога играле без рогање.
#Жерновски јадел благо, па ручал.
#Жерновски клетва го следи затоа што во Центар не може дрво да најде за да чукне во него!