Почетничка, на обука за градско возење, вози првиот ден со максимална вербална помош од инструкторот, кога, нормално, на некоја раскрсница на која таа имала предност, излетува некој престапник пред нив на црвено светло.
На тоа инструкторот во истиот момент, за да избегнат судар, (поради дуплите команди во автомобилот) гласно вели:
- „Дигни ги нозете!“, а таа целата збунета и исплашена додава:
- „Зарем на првиот час инструкторе?“