Тешко да најдеш. LGA775 матичните плочи се дефицитарни и производителите на матични ги наплаќаат трипати поскапо одошто вредат. На пример за 4000 деанри можеш да најдеш LGA775 матична со G41 чиспет со многу лош квалитет и оскудни можности и додатоци. За споредба, најслабата H81 матична плоча е изработена поквалитетно, има многу понови технологии и многу повеќе можности, а кошта 2500 денари.
Не верувам дека ќе најдеш половна и исправна P45 матична во догледна иднина, а нова нема никаква поента. Мој совет е продај си ги мемориите и, ако успееш, процесорот и купи си понова генерација. Поефтино ќе поминеш и ќе добиеш современа платформа со многу подобри перформанси.