Решив и ја да возам бмв после некое време размислување.
Повеќето може и ја знаат колата.
520i со плински уред, монтиран пред година дена, има уште 1 год гаранција. кожни седишта, двозонски климатроник, темпомат команди на волан, опрема за скии, 4 електрики, паркинг сензори итн...
Каросериски здрава, моторот во одлична состојба.
Беше расипан дисплејот на шалт таблата, па ставив друга, наместени и рингови.Мојата имаше 236000 оваа 277663(за мене најмалку битно)
Таа вратичката што го покрива радиото е малку напукната, па земав и таква здрава, деновиве треба да се монтира.
кожата нема пукнатини, супер изгледа
Треба да се средуваат ситници по неа. Во понеделник,вторник ке се менуваат свеќици и кабли, задните механизми не работат како што треба.
Во план ми е да ги продадам бандаживе или да ги трампам со 16ки некои. Задните се 255/40/17 предните 235/40/17 со одлични гуми.