Автор Тема: Вашиот прв автомобил  (Прочитано 43958 пати)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #150 на: 08 Февруари 2015, 20:57:20 pm »
Порано имавме менувано многу коли, од кои еден дел на татко ми службени, но директорката негова не правеше никогаш проблем да се користат и за наши потреби, па многу пати сме иделе на одмор со нив, списакот е малце дугачок, али ајде вака

-Ситроен Дијана, купена неполн месец по свадбата на моите во 89та, поклон од баба ми и дедо ми
-Шкода 100, поклон од дедо ми кога падна болен, и да не се две коли дома, дијаната летнала
-Тојота карина E бордо, 1.8 GLi опрема, прва службена на татко ми, со клима, затемнети стакла, виокиче за наочари горе кај што пуштаат светла во ентериер, со 300 иљади глупости у неа, за кола од 93то годиште беше АВИОН
-карината му ја земаа, и уште истиот ден беше тоталка направена на тетово гостивар, а на татко му стигна корола, петролеј зелена, со шибер, клими, еден куп од електроники, и кај обртометарот имаше две сијалички зелено и портокалово, зеленоте беше до 3-4к обртаи(нешто ко економик) а над тие се пушташе портокаловото и значеше у стил повеќе троши а-у
-во меѓу време купена лада 1300ка за наши потреби(за мајка ми), со кафен кожен ентериер, им ја продадовме на едни роми кај Илинден касарната, со ЈЅ таблички беше, по пред некоја година ја гледав
-па следеше уште една Тојота карина, овој пат 1.6 XLi, во темно зелена варијанта, исто со затемнети стакла клима и чудо од електроники
-Во меѓу време пошта се шитна и татко ми замина во телеком, голготата со службени коли заврши, а се шитна и 1300ката, и се купи лада 1500ка, првото ауто со плин, памтам се враќавме од викендица и татко ми на угорницата кај желино до 155 км/ч дојде и рикна нешто моторот, па не шлепаа по стар пат едни пријатели,640 кф имаше таблички, може на некој штипјанец ќе му дојде позната, беше магаре од кола
-1500ката се шитна негде према штип, и тогаш купивме Опел Сенатор, 86то годиште, со мотор од мерцедес 123ка 2.0 обичен дизел, на нејзе се научив да возам во 7мо одделение, перници под гз турав, и тоа чудо не носеше на многу места без никаков проблем, со фабрички мотор идела и клима со него, али дека беше конвертиран од бензин во дизел, и немаше тогаш, ја продадовме на бивш колега на татко ми, ја зема за син му такси да врти, го гледав едно време низ Скопје, сега начув дека бил во гостивар слупан
-Додека го имавме сенаторот, ја купивме и ламјата, алфа ромео 164, воедно и моето прво возило, па тек во декември 2014та стане скроз во моја сопственост, и ја продадов
-и на крај, тропалчето, мерцедес ве210 220 цди, и ќе трае уште некоја година, додека не се решиме за апгрејд ве212, сега и моја и на татко ми, а богами и на пола фамилија, селска курва е :)

тууу список дугачок, времиња

П.С: сите службени исто како да беа во наша сопственост, така да сме немале проблем никогаш за ништо, дури пред куќа ги чувал татко ми, додека другите ги враќаа :)
No turbo, no fun :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #151 на: 08 Февруари 2015, 21:54:29 pm »
Прв автомобил кој сум го возел е Застава 1300, сопственост на татко ми, `69-та година, дамски менувач.
Потоа, накратко имав Алфа 75 1,6 бензин, па БМВ е21 323, кое исто така многу кратко беше кај мене, една Пегличка која беше навистина гнила и издржа пат од Скопје до Струмица, и тука заврши на отпад...
Еден краток период после тоа пак Заставата 1300, па дојде Ксарата...
И, дојде Кампусот дома по игра на случајот и тој, иако е на сопругата, добива најмногу внимание...:)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #152 на: 08 Февруари 2015, 23:24:07 pm »
Прва кола што влегла во фамилија Полски Фиат '96-'98 заврши со трагичен крај стариот се кровираше асално, ’98 купено Југцево, негде 10-11 години имав кога се научив на него да возам, фала му на бога уште тера никад не не издало, 2 различни шофери два различни стила на возење 172000 поминато мука нема да чукнам у дрво, кратко време година дена Opel Insignia 2.0 T Sport 2010 - 2011, продадена за жал, ламја од кола, сеуште моја лично не сум имал, ама се надевам годинава ќе ја биде работава :P

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #153 на: 08 Февруари 2015, 23:29:04 pm »
Миле тој со 58 к.с беше.

Значи 1.2 normalmotor. Истиот тој се ставаше во Кадет Ц до 78-ма или 79-та година и е базиран на 1.0. Тој мотор го зедоа Форд како модел и до пред некоја година го користеа во сите редни мотори во возила со задно влечење. Денес низ македонија, тие мотори движат многу бродчиња низ охридско, преспанско, дојранско езеро и средоземно море.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #154 на: 08 Февруари 2015, 23:43:39 pm »
323 беше тоа , и возеше братучед ми, немам многу искуство за над 200.

Сликата еве ја..

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Е сеа.. Еден обичен, најобичен reverse image search..

http://www.top10speed.com/top10s/top10speed_288/bmw/328+/227/

Па онда идемо чекор даље..

http://olx.ro/oferta/bmw-e46-328i-gpl-ID2KHwW.html

Добро... ЗАШТО ? Не можам да сфатам, ЗАШТО ?
Zašto ? Zašto da mu jebem mater zašto ! Šta imaš? -
Dva para. Jaći: Kenta. Eto zašto !

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #155 на: 08 Февруари 2015, 23:59:24 pm »
323 беше тоа , и возеше братучед ми, немам многу искуство за над 200.

Сликата еве ја..

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Е сеа.. Еден обичен, најобичен reverse image search..

http://www.top10speed.com/top10s/top10speed_288/bmw/328+/227/

Па онда идемо чекор даље..

http://olx.ro/oferta/bmw-e46-328i-gpl-ID2KHwW.html

И сега?

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #156 на: 09 Февруари 2015, 00:18:35 am »
Ќе си чекате наредна сезона, бидете трпеливи, за некој месец пак. Шо мислите така лесно се прават вакви работи.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #157 на: 09 Февруари 2015, 00:42:29 am »
Aprilia SR50, нова купена 2005-Уште ја иам ама ептен ретко ја возам (Иста како на сликава)

Aprilia RS125 2007-2011, нова купена, и направив 25000ккм за 2 години и после поретко ја возев. Не беше никогаш паѓана и беше во перфектна состојба, ептен жал ми беше кога ја продавав ама многу мала ми стана. Заради овој мотор кога преминав на кола ми беше многу полесно зошто скоро сите патишта ги имав поминато со него, немаше град што го немав посетено.

06.2009-07.2009 Renault Laguna 2.2d, на оваа кола малку се учев да возам. Сигурно и направив 3-4000км за тој месец додека ја возев. Се отепував од возење секој ден до некаде одев.

И од 07.2009 - Па до денешен ден Audi A4 B8 2.0 TDI. 148ккм до сега.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #158 на: 09 Февруари 2015, 00:57:59 am »
Наградно прашање за 5 кг бурек или 10 кг брашно од Кадино: Зошто луѓево у тема за "Вашиот прв автомобил" пишуваат историјат на сите фамилијарни возила и мотори?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #159 на: 09 Февруари 2015, 01:00:56 am »
Јас не си купив,на бинго ми се падна :) Матиз,одлично количе ама трошеше многу

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #160 на: 09 Февруари 2015, 01:05:59 am »
Ланчиа Делта. Се претходно било на татко ми. Поздрав

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #161 на: 09 Февруари 2015, 02:21:39 am »
Лично прва кола - Punto MK2, 1.2 16V, 80кс...

Додека прва во фамилија (а воедно и која ја памтам) Yugo Koral 60, со доста чачкан мотор и два двогрли (најверојатно Weber 32/32) карбуратори...јебига, крушата под круша паѓа ;)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #162 на: 09 Февруари 2015, 07:55:26 am »
Првиот


Вториот



Другите по дома се заеднички. Дел платени од мене, дел од брат ми, дел од татко ми.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #163 на: 09 Февруари 2015, 10:46:46 am »
Zastava 1300, `75то годиште. од допунска опрема имаше седишта што се спуштаат, калници и дугачка антена, од позади све до напред беше искривена ! :)

у 2000та ја дадовме за 300 евра. жалосно.

а имаше поминато помалце од 200 000 тогаш... 25 години стар...
мала допуна... прва лично моја кола, Цитроен Ц2. :D


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Вашиот прв автомобил
« Одговори #164 на: 09 Февруари 2015, 10:48:58 am »
Сеа ги глеам сензориве. Не се малце преголеми? :D Ептен паѓаат у очи, као копчиња у браник.