Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1851721 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11880 на: 02 Август 2021, 23:21:34 pm »
Ама производителите на марихуана ќе плаќале 10% од добибката на државата..... ПА П*ЗДА ВИ МАТЕР*НА СЕКОЈА ФИРМА У ДРЖАВАВА ПЛАЌА 10% ОД ДОБИВКАТА!!

Ама па што знае прост народ што е днаок на добивка, што се придонеси, зошто Ледиком, Мобеликс и сл. се поефтини од Телеком, Вип и официјални дистрибутери на ИТ опрема....

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11881 на: 02 Август 2021, 23:31:33 pm »
Пред мноооогу години, навечер се враќам пеш накај дома и ме застанува реонски полицаец (од тие курсистите) да ме легитимира.
Истиот ден пријавував изгубена ЛК (не се сеќавам каква беше постапката), и му дадов "слободна" на која покрај адресата имаше и слика, впрочем знаев дека за време YU беше важечки документ за легитимирање.
Не го интересираше ништо и почна да пополнуваа записник и казна за неносење ЛК.
Му велам дека нема да потпишам таков записник во кој не е наведена причината за неносење ЛК и дека сепак сум понудил документ за индентификација, од сруга страна му посочив дека записникот му е невалиден со запишаните податоци за мене без ЛК на увид :)
Почна да се заканува дека ќе ме приведе ако не потпишам.
Му реков слободно да ме приведе во станица, но знаеше дека случајот му е климав и повторно ме убедуваше да потпишам.
Се натегавме така пола саат, ми пукна филм и му реков дека ако се уште ме задржува ќе одам во станица да пуштам пријава (појма немав каква) против него.
Немаше веќе каде, во меѓувреме излезе и еден чувар од некој објект, па мораше да попушти.

Нешто слично и со пријавување престој, ама во друга прилика, веќе е долг постот.

Поентата е дека секогаш ќе има некој службеник кој ќе манифестира самоволие...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11882 на: 02 Август 2021, 23:42:47 pm »
Поентата е дека секогаш ќе има некој службеник кој ќе манифестира самоволие...

Особено последниве години е многу лошо, кога во приказната ќе вметнеш и националност. Мене пролетоска мајмун од „обезбедување“ на Матична служба не ме пушташе да влезам, имало веќе многу работа сите внатре биле зафатени, ми викаше доѓи утре. Му викам тргни ми се од патот, ти не си тука за да дозираш колку луѓе влегуваат внатре. Се натегавме 5 минути додека не дојде некој трет и му заповеда да ме пушти. Изводот го земав за 10 минути и на излегување му реков ете како се завршува работа и дека против него ќе има пријава. После почна да ми објаснува како намерите му биле добри, тоа го правел за моја безбедност. Работите се од дамна излезени надвор од контрола.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11883 на: 02 Август 2021, 23:46:18 pm »

Е ајде де....
А не сфаќам како тоа на нова кола затемнети стакла не ги пишуваат во сообраќајна. Прво, контролорот мора да ја провери колата пред да даде согласност за регистрација и треба да го воочи тоа. Второ, сопственикот на возилото треба (ваљда) да знае што купува и да провери дали се е заверено како треба.

Нема зошто да ги пишуваат. Хомологирана е со тие стакла. Како што е хомологирана со фабрички ксенон, како што е хомологирана со 18-ки бандаши, како што е хомологирана со брембо кочници и све што подлежи на хомологација. „Господине, фабрички се стаклата“ „Аха, ај да видам ознаките - ок, стварно е назначено, благодарам господине, пријатно“ Тоа е муабетот што треба да го имаш со џандарот, а не „ај да дуваш, ај да свириш, ај да те носам на технички па у кафана“... Кретенизам до максимум е ова.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11884 на: 02 Август 2021, 23:59:12 pm »

Е ајде де....
А не сфаќам како тоа на нова кола затемнети стакла не ги пишуваат во сообраќајна. Прво, контролорот мора да ја провери колата пред да даде согласност за регистрација и треба да го воочи тоа. Второ, сопственикот на возилото треба (ваљда) да знае што купува и да провери дали се е заверено како треба.

Нема зошто да ги пишуваат. Хомологирана е со тие стакла. Како што е хомологирана со фабрички ксенон, како што е хомологирана со 18-ки бандаши, како што е хомологирана со брембо кочници и све што подлежи на хомологација. „Господине, фабрички се стаклата“ „Аха, ај да видам ознаките - ок, стварно е назначено, благодарам господине, пријатно“ Тоа е муабетот што треба да го имаш со џандарот, а не „ај да дуваш, ај да свириш, ај да те носам на технички па у кафана“... Кретенизам до максимум е ова.

А ако не се гледа? Или ако Пандо не знае да чита? Ако знае само во сообраќајна да прочита што правиме тогаш? И ај да речеш да е сосем нова кола, ама толку ли е тешко да им дадеш насоки на технички преглед да го проверат тоа?
Фактот е дека ретки се чесните исклучоци кои совесно и професионално си ја работат работата, дали бил полицаец на улица или полицаец на шалтер во АМСМ.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11885 на: 03 Август 2021, 00:34:57 am »
Mene toa mi se desi, pisano edno deset strani ponazad ama ajde pak.

AMSM tehnicki mi vikaat ne treba vo soob da stoi deka ti se fabricki zatemneti, toa se podrazbiralo so homologacijata bla bla. Insistiram da mi pisat za mirna glava, se nategame nekoe vreme, odime kaj policaecot tamu sto ima kancelarija, prasuvame i toj vika TREBA da stoi vo soobrakjajna fabricki zatemneti.

Za mene toa e closed case. Imam i oznaka na staklata i vo soob zosto nemam namera ni 30 sec da se objasnuvam so nekoj, a ne pak 30 min ili poveke.

Do sega nekolku pati kontrola me zapirala i sekoja kontrola ne traela poveke od 1 min. Planiram taka i da ostane. Objasnuvanje so nekogo za zakoni i gluposti koga ke sum advokat, do togas sekoja sekunda mi e znacajna.

edit: A deka nema nikalva logika vo kaznata za fabricki stakla 100 pati sum pisal i pak ke kazam
« Последно менување: 03 Август 2021, 00:43:26 am Inter1 »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11886 на: 03 Август 2021, 01:10:02 am »
И кај мене на меривата се фабрички затемнети стаклата ама во сообраќајната стои дека се фабрички затемнети. Баш кога ја купував колата продавачот ми кажа дека кога правел хомологација морал да извади документ за стаклата, а јас го гледав зачудено со одговор дека стаклата се фабрички затемнети. Меѓутоа законот се сменил во меѓувреме па на сите увезени коли со затемнети стакла мора и документче да се извади за истите. Ова е пред 3 години, а верувам дека предходно не било така и од тука настанува проблем со полицијата.

Колите увезени или купени пред 2018та можеби и 2017та со фабрички затемнети стакла немало потреба да се внесуваат во сообраќајна ама после 2018та тоа се менува каде што во законот пишува дека сите автомобили треба да имаат а-тест на затемнети стакла.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11887 на: 03 Август 2021, 02:27:57 am »

Сите автомобили имаат фабрички затемнети стакла. Најдете го законот кај што го пишува тоа за фабрички затемнети стакла. ЗЗБС има само за фолии.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11888 на: 03 Август 2021, 08:27:31 am »
Тука е проблемот. Сите коли немаат фабрички затемнети. Сите коли со фабрички обично задните се затемнети, предните не. Плус некој ако сака дополнително става и напред и мала каша попара.

Секаде каде што проверив стои дека треба А-тест за дополнително затемнети. Фабричките се сива зона и никој точно не знае да каже. Крајно полицаецот не е должен да знае дали е фабрички или не стриктно гледано, ако не пишува во сообраќајна. Од друга страна зошто да пишува ако е фабричко, така да во таа сива каша попара, кој ќе го попуши ќе го попуши, кој ќе се спаси ќе се спаси :D Превентивно ставете си во сообраќајна дека имате темни и мирна глава

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11889 на: 03 Август 2021, 08:50:17 am »
Слабо си проверил: https://www.vozila.mf.edu.mk/pdf_files/Pravilnik%204.pdf

Член 20
(1) Во возилата се вградуваат одобрени сигурносни стакла кои може дополнително да
се затемнат до тој степен што пропустливоста на светлина на стаклото заедно со
налепената фолија на него, да биде најмалку:
– 75% за ветробранското стакло и
– 70% за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот - пред „B” носачите).
(2) Одредбите од став (1) на овој член не се однесуваат за тесната лента која се
поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце.

Дали колата при купување има ВЕЌЕ одобрени сигурносни темни стакла доколку е увезена таква и поминала хомологација? Да!
Дали ДОПОЛНИТЕЛНО се затамнуваат тие стакла? НЕ!
Кај е проблемот и зошто да ми бараат дополнителни глупости, затоа што џандарот не разбриа што значи „ДОПОЛНИТЕЛНО ЗАТЕМНУВАЊЕ“? 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11890 на: 03 Август 2021, 09:49:11 am »
Епа зошто не разбираат затоа ние сега го тупиме овде. Кај мене (а и кај сите останати нови купени од салон) задните се само затемнети, предните не, ако сакам можам дополнително да ги затемнам предните, а не гледам причина зошто не би можел и задните до законскиот максимум и не те сфатив што не сум проверил ама како и да е.

Со дечкото од АМСМ Технички бев кај полицаецот, му кажавме дека колата е со фабрички темни, купена од салон, дека со хомологација со 300 чуда, дали треба да се запише или не? Тој од АМСМ инсистираше дека НЕ ТРЕБА дека со хомологацијата се подразбира дека се темни и нема што да се разговара понатака, полицаецот рече ТРЕБА да стои во сообраќајна. Не го интересира ни хомологација ни од кај е купена колата ни ништо. Така да...  џабе се убедуваме дали треба или не или законски бараат или не. На крај ти ќе си платиш дали со пари или со нервоза, па докажувај се.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11891 на: 03 Август 2021, 09:51:38 am »
Полицаецот е таму за мвр да прави пари, исто ко со овие на улица што пишуваат казни.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11892 на: 03 Август 2021, 09:56:00 am »
Полицаецот е таму за мвр да прави пари, исто ко со овие на улица што пишуваат казни.

Епа тоа де. Тоа е поентата - правењето пари. Затоа 1000000 пати ви пишав ако сте во можност на следниот технички или како и да е редот да си ставите во сообраќајна таков податок. А не дали бил некој во право или не. Ете во право сте, не треба да се наведени во сообраќајна додека некој не попие казна, после ќе биде еее требаше...

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11893 на: 03 Август 2021, 14:38:40 pm »
А не сфаќам како тоа на нова кола затемнети стакла не ги пишуваат во сообраќајна. Прво, контролорот мора да ја провери колата пред да даде согласност за регистрација и треба да го воочи тоа. Второ, сопственикот на возилото треба (ваљда) да знае што купува и да провери дали се е заверено како треба.

Нова кола не се носи на технички преглед за регистрација, не ја гледаат колата таму, туку само документите што ги дава салонот. Нема контролор значи, нема ништо што проверува на колата.
Јас, како сопственик знам дека треба да ми дадат таблици и сообраќајна за колата, а кои се податоци за колата се впишуваат таму не сум должен да знам, не е моја обврска. Впрочем, во сообраќајна, нема посебно место за затемнети стакла, туку се впишува во забелешка.

Законот вика за непрописно/неатестирани дополнително затемнети стакла ќе пишат казна, а фолиите треба да се извадат.

Фабрички затемнети стакла, хомологирани... а не впишани во сообраќајна (по грешка на службено лице, вработено во МВР), се закануваат со вонреден технички преглед, задржување на кола.... и што ќе одлучат таму, стаклата да се вратат во фабрика за враќање во нормална состојба? :) дополнителни атести? .....
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11894 на: 03 Август 2021, 14:57:50 pm »
Цитат
а не впишани во сообраќајна (по грешка на службено лице, вработено во МВР)

Прашање е дали е воопшто грешка невпишувањето, повеќе би рекол дека е почнато стихијно и полека прешло во тренд.
Нешто као, "гледам колегата ги впишува па и јас ќе почнам да ги впишувам"
А зошто, "појма немам, ваљда нов правилник"...