Еве ја мојата колекција за перење годинава.Оваа сезона се рашив за производите на мафра и воопшто не згрешив.Тоа што го нудат земајќи ги во предвид и цените е одлично
На сликава фалат уште 2 кофи,микрофибер ракавица,сунѓер за бандажи и други прљави делови,и уште неколку микрофибер крпи за различна намена.
Друго од опрема,народски кажано вапче,го земав пред 3 год и сум презадоволен.
Од неодамна земав и пеноматче,бидејки не најдов за макитата земав од кершер вакво:
Во комбинација со Mafra Wash Self брка работа,ама не сум презадоволен од пената која ја прави,во иднина ќе барам подобар пеномат како не би користел воопшто сунѓер за предперење.
Постапката отприлика иде вака:
1.Перење само со вапот и вода
2.Нанесување Wash Self со пеноматчето
3.Плакнење на шампонот
4.Дополнително чистење на бандажите со сунгер и средство за бандажи по потреба
5.Нанесување Polish Express на целото возило со микрофибер ракавица и плакнење на истиот.
6.Бришење и собирање на водата со голема микрофибер или еленска
7.На секое второ перење пребришувам прво со Fast Cleaner па после ја поминувам со Last Touch
8.Бришење прозори со Split или Fast Cleaner
9.Бришење гуми и бандажи со Fast Cleaner
10.Нанесување Fast & Black или Black 3Plus на гумите
Отприлика вака изгледа мојата постапка за перење,сигурно заборавам нешто ама горе доле тоа.Сите горе наверени производи се од програмата на Mafra.
Можеби сето ова делува претерано и избегано(барем така ми викаат тие што ме гледаат кога го правам ова
) ама јас си го правам ќеифот отприлика 3 часа еден ден во неделата,и кога ќе завршам сум многу среќен и задоволен од резултатот
Овде не ја опишав постапката за внатрешно чистење ама тоа ќе го остаам за друг пат