Автор Тема: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер  (Прочитано 10735 пати)

Отсутен AtosTDI

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Здраво, форумот е супер и незнам како до сега не сум знаел за него.

Имам голф 4 тди 66 kW и дојде време за менување на замаец со ламела, потисна и друк лагер, ме интересира мислење за каков замаец да ставам, дали повторно да биде DMF или може да се стави SMF како поевтина варијанта без да предизвика понатамошни проблеми. Можете да ми препорачате и од кој производител и која продавница нуди квалитетни делови.

Благодарам

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #1 на: 18 Април 2014, 11:40:43 am »
Ако имаш за давање 26к денари и после за промена уште едно 5000 денари тогаш оди на DMF, а ако не ти се даваат толку пари можеш да одиш на SMF нема никаков пролем, тој сет со замаец ти е накај 15к денари.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #2 на: 18 Април 2014, 12:32:25 pm »
26к за половен сет?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #3 на: 18 Април 2014, 12:42:28 pm »
Од кај ти текна за половен сет?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #4 на: 18 Април 2014, 12:44:37 pm »
Затоа што 26к за ДМФ замаец ламела и потисна е смешна цена....во Македонија.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #5 на: 18 Април 2014, 12:47:04 pm »
Смешна цена - ‘екстра квалитет‘. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #6 на: 18 Април 2014, 13:38:40 pm »
Друже лук има за таа цена, ако нешто се решиш да земаш можеш да ме контактираш ќе ти понудам повеќе варијанти, па размисли си.
Имам добро другарче што работи со делови за коли па преку него може да средиме.
п.с. пиши кој код на мотор е голфот

Отсутен vectra 2.0dti 2001van

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #7 на: 18 Април 2014, 13:55:33 pm »
Zdravo na site od forumov!
Me interesira dali moze nekoj da mi kaze od iskustvo kakov zamaec ima vectra 2.0dti 2001god(74kw-101hp)
Ili za pokonkretno eve i broj na sasija:WOLOJBF3511133546

Отсутен AtosTDI

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #8 на: 18 Април 2014, 18:12:09 pm »
За лук сет ми понудија цена 23500 мкд со дмф замаец а за валео сет ми понудија цена 21000 мкд во Рели Рејсинг, од друго место со смф замаец ми понудија за 13000 мкд марка мапа турска фирма во експанзија сега неможам да се одлучам оти не сум сигурен во квалитетот а и на странските страни гледам дека само дмф од саш е 400 евра а во процит кои се официјанли застапници за валео сет со смф ми понудија за 23500мкд

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #9 на: 18 Април 2014, 18:37:46 pm »
23500 за сет со фиксен замаец е многу, утре ќе ти пуштам точни цени за сет со фиксен и варијабилен замаец па размисли си.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #10 на: 18 Април 2014, 19:12:05 pm »
Јас возам mapa сет ламела веке 20000км. Ја земав за смешни пари од 3600 денари а другите понуди ми беа дупло и четирикратно поскапо. Знаејки дека во денешно време владее неквалитет, копирање и брендирани измами се одлучив за најефтиното.

Отсутен AtosTDI

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #11 на: 19 Април 2014, 17:01:23 pm »
Кодот на моторот е АГР, стварно неможам да одлучам, некои продавници нудат Лук сет со ДМФ за 23500 а некои за 20000 исто лук со СМФ. Дали се работи за кинески копии или за репарирани замајци не ми е јасно.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #12 на: 19 Април 2014, 20:24:41 pm »
Прашај у Еуро 07.

http://www.euro07.mk/index.php

Отсутен AtosTDI

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #13 на: 21 Април 2014, 22:03:01 pm »
Ќе прашам утре и таму, квалитетни ли делови држат? И што мислите за фиксен замаец :D

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Сет замаец, ламела, потисна, друк лагер
« Одговори #14 на: 21 Април 2014, 22:22:19 pm »
Нека кажат голфистите за SMF, ама мислам дека ќе тресе повеќе, ќе ја јаде повеќе ламелата, држачите на мотор ќе страдаат и останато. Сепак е дел што амортизира поприлично од тие несакани вибрации, тргнувања, кочења со мотор и слично. Тоа е мое лично мислење. Корисни линкови
http://uk-mkivs.net/topic/50463-another-dmf-to-smf-question-gt-tdi-130-6-speed/
http://www.pistonheads.com/gassing/topic.asp?h=0&f=86&t=1201292&nmt=Single+mass+flywheel+conversion
http://forums.tdiclub.com/showthread.php?t=351340
и милион слични.