Процедурално: Ми ја снема темата
пребарав детално нешто се деси
ОК ајде на кратко
Значи Daewoo Nubira mk2, од 2002 година. Фамилијарно возило, купено е ново од салон, поправо од Саем во Скопје па испорачано во Ресен (ДОГУ како овластен дистрибутер на Аутомакедонија во тој момент на овие простори) и на 29 мај 2002 година подигната од салон
Јас ги вадев најлоните и тој што имал нова кола ја знае таа радост
Од тогаш поминати се 154 000км. На 121000км ставен е Landi Renzo (Blue мислам) LPG систем со директно вбризгување.
Освен оние стандардни одржувања никакви проблеми не сум имал со колава. Верен сопатник и 80% возена на отворен пат (најчесто релација Битола-Скопје).
Моторот е стандардниот GM 1.6 со 16V со 107 коњски сили доволно многу за секоја ситуација, а и понекогаш ќеиф да си направиш на душата.
Секогаш ранета со најквалитетни мазива, најквалитетни делови
галена до немај каде...како и сите мои останати возила
Секогаш со навлаки, секогаш ставани се дебели патосници гумирани заради големите количини снег во Битола зимно време и да не се оштетува
Прилично евтина за одржување (да не речам смешна) во однос на евтини делови, лесна достапност итн.
Потрошувачка е некаде 10л/100км градска плин, 7,5 просек отворена со 120км/ч.
Денеска доби едно пролетно чистење и освежување.
Иначе навлаките беа зеленкасти кога ги купивме во 2002, сеа малце се закинаа и треба да се земат нови. Меѓувреме сменаа боја од зелена во виолетова
по не знам кој хемиски процес
Иначе заднава клупа како што гледате има доволно простор, нели,...а имајте во предвид дека јас сум 198cm, татко ми е 190cm
Моторчето исперено и дуздисано