Епа како што е ред, и јас да го претсавам количево
Се работи за Рено Клио 1.5дци, 65 коњи, 96.000км, со целосна сервисна книшка, како ново ее и од надвор и од внатре. пред некое време е правен комплет сервис (предница, каиши ова она, уље), има нови летни гуми...
Купено е од познат чоек, проверено е на дијагностика нема никакви грешки, километрите се реални.. Одев со 2ца мајстори кои се разбираат многу од коли, така да потврдено е дека нема никаква мана...
Од опрема има:
-Клима
-Фабричко радио со Цд
-Команди на волан
-Електрика на предни прозори
-Електрика на ретровизори
-Магленки (предни/задни)
-6 воздушни перничиња
-Подесување на волан (длабочина/височина)
-Подесување на предни седишта (длабочина/височина)
-Имобилајзер
-Електрично подесување на фарови
-Централно заклучување
-Аларм
-Сензор за дожд
-Фабричко тонирани прозорци
-Греачи на задно стакло
-Греачи на ретровизори
Еве и некоја слика..
Не е нешто брзо, и ептен добро, али мене ми прави ептенн многу ќеф, почетник сум и баш ми е таман како за мене... До сега го возев, за 65 коњи баш добро си повлекува, климата све си работи перфектно, возењето е многу добро, воопшто не е бучно внатре.. На автопат 130/140 спие, нема некои чудни звуци или квичења...и така натаму...
Тоа е тоа, се надевам дека ќе ви се допадне..