не изгледа лошо вака на сликите. личи на стан во кој е инвестирано и одржувано. ако е вака и остатокот од станот, тогаш поприлично убаво станче е тоа. сепак мислев дека охрид е поевтин од скопје, а не рамо до рамо со цените... значи мислев, но никогаш не сум проверил, можно е и да грешам.
Станот е перфектен, не сум задоволен многу од зградата од завршните работи, како малтерот на скалите почна да се лупи а зградата е нова сите се први газди, ете 10 год нека е стара, инаку околу станот е стружен и лакиран паркетот пред да се наполни,лакирана докрамата сменета влезната обична врата со блиндирана или како и да се вика од тие металните со 100 брави, дограмата одлично дихтува, не подобро од ПВЦ-то кое што го имам во овај стан ама е солидна, дневната е добро скроена и доволно просторна за пријатен престој без стегање, поврзана е со трпезарија има врата за едниот балкон (поголемиот) и лизгачка врата за во кујна, исто така уште една врата од кујна во салон, значи влагаш од влезна лево ти е дневната, право кујната, десно малото вц и врата која води до другиот салон 2те спални поголемото вц со бања и втората тераса, нема досега капено ронати ѕидови и слично, ќе гледам да ставам повеќе слики деновиве овие набрзина ги најдов од порано.