Автор Тема: Opel Astra H 1.4 16V 2008  (Прочитано 10531 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Opel Astra H 1.4 16V 2008
« на: 27 Ноември 2013, 00:15:39 am »
Купена е во Јуни 2008 од AutoCEM - Тетово. 
Мотор Z14XEP односно 1364 cc, 66kW, 89hp. За низ град таман, а за на отворено и фалат неколку кубици и коњи.
Досега има 69.000 реални :D. Сервисирана секогаш со стандард делови GM што ги ставаат во овластен сервис.
Има електрика на 2 прозори, 4 воздушни перничиња, CD30MP3, борд компјутер (Board Info Display), клима, магленки.. стандард односно bare minimum што треба да има една кола од оваа година.


 


 :D

Други слики кога ќе затопли.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #1 на: 27 Ноември 2013, 00:19:42 am »
Имам чест да бидам првиот, за прв пат...  ;D Топ количе со топ моторче, само едно плинче ако веќе нема ставено и немаш гајле... П.С Уникатни таблици...  ;D
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
  • MadaFunker
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #2 на: 27 Ноември 2013, 00:21:22 am »
Само предната ама :D
Оди извадија по снегов малку да го проба и напрај некоја слика :D
New blood of old school

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #3 на: 27 Ноември 2013, 00:40:03 am »
За плинче сеуште не сме одлучени, иако сме размислувале. Од овие скоро 70.000, сигурно 50.000 се на отворено и ако се стави плин значи ќе се шета и вози на отворено дупло повеќе. Мераци.

Инаку @Принц зимските гуми уште во гаража и стојат, со летни нигде не оди, 2009 зимата во Кичево кај Сан Франциско ни се врати самата надолу како санка, среќа не удри во некој контејнер. :D

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9196
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #4 на: 27 Ноември 2013, 00:57:41 am »
Барем да ја измиеше  :(

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #5 на: 27 Ноември 2013, 01:07:17 am »
Ова е сликано во Брајчино кога се качувавме за во манастир по еден пат никаков. Инаку редовно си ја миеме, не му ја думај. :D

Крај краева кола е, сигурно нема во возење да трзам со еленската од прозор ;)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #6 на: 27 Ноември 2013, 16:24:53 pm »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #7 на: 27 Ноември 2013, 16:52:54 pm »
Фала друже. Се вози одамна, сеа ми текна да ја претставам. :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
  • MadaFunker
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #8 на: 27 Ноември 2013, 17:03:52 pm »
@DimitarMK

Епа видиш Сан Франциско е опасна угорница, а за надолу е уште побетер :)
New blood of old school

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #9 на: 27 Ноември 2013, 19:50:17 pm »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #10 на: 24 Декември 2013, 16:56:06 pm »
Многу убава астрица :D Со здравје да си ја возиш :) Него стави некоја слика повеке а и од внатре :)
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #11 на: 24 Декември 2013, 17:31:06 pm »
Фала колега. Слики здравје на пролет бандажи кога ќе земам, да ја заличи малце, а може и да ја исперам пред сликање да не се лути Ракунче :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6161
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #12 на: 24 Декември 2013, 18:08:36 pm »
Перење си сакала..

Супер е, btw.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #13 на: 24 Декември 2013, 18:12:12 pm »
Еве да го кажам и ова, од кога ја сликав втората слика, после 10 минути најдовме извор и со кофа целата ја потуривме и исправме. После не сум се грижел, гнасна била...
У дадени моменат на сликава така се погодило.  :D

 Вас колите не ви се валкаат?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6161
Одг: Opel Astra H 1.4 16V 2008
« Одговори #14 на: 24 Декември 2013, 18:34:33 pm »
Не се лути, се нашалив.

Инаку, кога претставувам кола некаде, нема начин да го направам тоа, а таа да не биде чиста.

Може да ја прикажам нечиста, ама ако прикажувам ситуација пред/потоа.

Не се лути..