Еве го новиот член на фамилијата
. Класичен Е 220 роден 1997 година класик со мали детали од елеганс.Преку 20 исти коли разгледувавме овој испадна да е најздрав и најсоодветен со цената. Регистриран 11 месеци и следуваше со овие бандажи од сликата плус 4 бандажи со зимски гуми. Алуминиумските бандажи се продадени веднаш и сега се вози со зимски стандардни гуми...Слики деновиве ке апдејтувавам. Мерцедесов е каросериски здрав,моторот е во одлична состојба, меѓутоа тука во МК е возен некојси 20 000 км од Арабат човек што не му водел доволно грижа па го запуштил малце, затоа имаше за средување некои работи. Километражата е утврдено дека е 273 000 од мн фактори и за човек како татко ми во поодминати 50 год. мерцедесов му лежи ко шамар на будала.
Е сега....На прв поглед изгледаше механички одличен мегутоа кога го купувавме веке беше пален, за по 4,5 дена
откако го земавме да почне тешко да пали, да трокира во место и да се појавува сијаличката ЕПЦ. Се консултирав и со Бугар, ми објасни дека ова е чест проблем кај овие модели со Лукас пумпата по што 2,3 дена следуваа доза на нервози.
Сакам да апелирам за тие што незнаат дека репарирањето на овие Лукас Пумпи коишто до скоро се вршеле само во Србија и Бугарија, сега истите ги поправа и веке познат бошиста Стојче којшто (колку што чув) купил опрема од 80 000 евра.
Репарирањето чини од 150 до 550 евра. Кај мене срека беше најмалиот проблем којшто сега е среден и се е во ред, воедно беа заменети сите црева,халоген сијалички, 2 стабилизатори и јабучица плус центрирање, редовен сервис, плочки, , за да се доведе во одлична возна состојба.
Останува да се средат задните 2 механизми за прозори коишто стандард не работат секогаш на мерцедесиве,и во средина
на диференцијалот се појавува мало зуење на брзина меѓу 40-70 без оглед дали е во брзина или во лер.
Ке ми треба и совет да ми каже некој каде да ги прештелувам вратите, малку потешко затвараат.Јас мислев дека имал
некои посериозни удари но човекот што ми го бираше работи долго време лимарија и ми рече дека колата е каросериски
многу здрава???