Здраво дечки,
ме немаше ден два обрвски, ама морам да ви се заблагодарам на дискусијава, очигледно темата погодена
фала на сите шо стручно дискутираја на темава (за жал има и многу џаболебари шо пишат колку да се најдат во муабет, ама ајде, форум е ова
иначе, имам Fujitsu Siemens Amilo pa1538, ама ко го земав не знаев дека имале фабричка грешка на графичката. Проблемот е документиран и официјално признат од нив, за тие шо биле под гаранција имало бесплатна промена на графичка, такво му е официјалното известување, на тие шо поминала гаранција, цврц
Како шо кажа и пецони погоре, има малце луфта меѓу чип и хладњакот. Фабрички ја поставиле само термо гумица и нормално таја губи својства, и прај ладен лем или ако лаптопот се трацка можи и да напрај куса и да го прегори чипот (то е мојот случај). Веќе еднаш напрајвме reballing, не знам дали да кажвам имиња/сервиси, ама не беше стручно напраен и по неколку месеци пак откажа. За жал сега навистина процесорот е рикнат (напрајл куса врска), и веќе нарачав од кина (ќе има обнова на темава за 3-4 недели
поздрав до сите