Добив информација дека во полска е направен и веќе се монтира во полска и чешка плински уред за ТСИ,кој што ќе си работи најнормално на сите 4 дизни на плин ,а бензинската пумпа ќе останува да работи за да не прегори така што ќе го врти бензинот преку вишок у резервар и на самите црева што водат према дизна ќе се монтира нешто како Y разделник -на двата краја на Y ќе има електро вентили за да пропуштаат бензин или плин и дека одлично работел.Дали имате информација и мислење за овој уред ,евентуално постручно да подобјасните како работи и тн...
DOG, извини, не снема подолго време поради годишните одмори, во секој случај, јас ќе одговорев на поставеното прашање и покрај тоа што бев презафатен, доколку имав конкретен одговор.
Имам слушнато за опцијата за плински уред кој ги користи бензинските инјектори за вбризгување на плин во моторот, меѓутоа, не сум сигурен дека масовно се вградуваат во возила, и колку се сигурни, од аспект на исправна работа на моторот. Тој тип на плински уред, во групацијата ,,Landi Renzo" , сеуште е во фаза на испитување.
Плимонт не е обврзан према ,,Landi renzo", да мора да вградува единствено производи од гамата на ланди рензо, моментално тие се најсигурен и најголем глобален производител во сверата на автогасот, меѓутоа доколку некоја сериозна компанија како,,BRC" или ,,PRINS" пласира на пазарот плински уред кој ги користи бензинските инјектори, плимонт ќе го набави.
Поздрав