Појачалото внатре е TDA7377, радиото стандардно има 4 x 7W, USB слот и слот за SD картичка.
Има просечен кон попдросечен звук, но затоа цената е прилично евтина. Таман за некој што не му треба ништо посебно а сака да слуша музика од МР3 (SD картичка или од стик) или радио.
Значи да повторам, ова не е аудифилски уред туку евтин солиден уред што си ја врши работата. (мене ме кошташе некои 1600ден)
Мојот Гољф3 има само стерео озвучење, решив да направам бриџинг на појачалото на радиото. 7W по канал мене ми е доволно ама да кажеме дека немав попаметна работа. Резултатот беше стерео излез со 20W по канал.
Пошто верувам дека има и други што им треба евтин уред, сакав да укажам на ова радио и на можноста да се преправи од 4 на два канали (со поголема јачина).
Прво шемата;
http://www.alldatasheet.com/datasheet-pdf/pdf/82979/STMICROELECTRONICS/TDA7377.htmlЦелата работа се сведе на две крати спојувања на плочката и потоа соодветно преврзување на излезите. Додадов и еден помал алуминиумски хитсинк, за поефикасно ладење на појачало-чипот.
Следат сликите: