Како ви се движи потрошувачката за ладење?
Aux gentle breeze 3.5, ја користам за ладење на дневна, ходник и спална, некаде 35кв нема изолација зградата, ролетни пуштени.
Наместена е во 13:01 да се пали и гаси во 00:00. При старт крева до кај 380w, по 15мин е 200-220, некогаш знае и до 150 да слези, кога се гаси компресорот и само дувка троши околу 14-15w.
Надворешнта единица е во дневната и е на запад, ја печи сонце од после 12 до зајдисонце.
Мислам дека ова е океј потрошувачка, надвор е околу 30ц. Ме интересира дали ќе се зголеми значително потрошувачката во Јули/Август кога ќе биде пеколот или тоа е тоа 50-100в плус ?
Наместена е на 24-25, домашната температура ја држи степен под тоа, испод тоа не ми е пријатно оти сум навикнат на пекол и ќе треба со долги да седам


