Здраво форумџии, нов сум на форумов но се трудам во слободно време колку можам да пратам што има ново, е сега имам еден проблем па би било убаво да дадете ваше мислење сепак мислам дека сте покомпетентни од мене, затоа што јас во коли сум нуб.
Го имам следниов проблем, Кога ја возам колата на водно ми се случува да изгубам снага на колата односно при држење на педалата на гас да изгубам вртежи на колата и повторно да добие вртежи, Колава ја купив пред недела дена од мој познаник 99 годиште е 1.4 бензин, ја однесов во мида на проверка на компјутер и го добив следниот одговор, горе доле колата е во ред со моторот но приметиле некоординирана работа на моторот имала проблем со смесата на гориво и воздух во моторот. Но тоа би требало да биде средено со чистење на IRC и ресетирање на КАМ меморијата. Од кога го направиле тоа чистење кај нив параметрите покажале дека се во ред.
Денеска се качив пак на водно за да видам дали ке има такви падежи на вртежите и искрејно не забележав ништо колата си беше сосема нормално, но другиот проблем кој исто така ме мачи и ме нервира е кога ја палам колата вртежите пагаат на 700рпм а по некогаш и гаси ако не стиснам на педалата на гас во лер, кога ке стиснам па педалата вртежите после мируваат на 1100 па почнува да пага на 1000,900 и тука стојат што мислам и дека е во ред, но нели треба и кога ке ја запалиш колата да си биде на константно 900рпм и да не доага до такви падови за да изгаси колата.
Ве молам за брз одговор стварно сакам да го решам овој проблем со вртежите многу ме нервира, што мислите вие до што може да е ова дали може да е проблем со средната гас или проблем со свеќици или сосема нешто друго