Не знам што да ти кажам, ако ти било досадно да гледаш ондак океј. Сепак јас мислам дека не беше така.
Остај го, малку е разочаран што Ауди не беше во борба за прво место

Цело време беше напната ситуацијата помеѓу Тојота и Порше. Не се знаеше кој е прв, на кој колку и какви влегувања во бокс ќе му требаат до крај, дали Порше ќе може да издржи 13 или 14 круга со еден резервоар и со кое темпо, а разликата скоро никогаш не се качи над 40 секунди. Таман се одвои малку Тојота и се виде дека нема да можат да ги стигнат, се случи тоа што се случи...