Автор Тема: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks  (Прочитано 2656 пати)

Отсутен DimeOsa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« на: 29 Јули 2013, 22:38:53 pm »
Конечно и јас да го представам моето ново лавче по кое копнема уште од мал  ;D
го купив пред еден месец инаку многу време барав по нетов да е вака солидно сочувано
го освежив со Gledring универзални гумени патосници и универзални навлаки за седишта
од САМАД (да не ги оштетувам оригиналните зашто се добро сочувани)
инаку е "чистокрвен" бензинец 1,4i 55kw
потрошувачка колку што знам му е
на отворено 5-5,5л/100км (90-110 км/ч) проверено, а на 140км/ч пие како камила (не го стиснав повеке зашто немаше да стигнам до Скопје)
градска 6,5-7л/100км (јас како што си го возам домакински зашто сум со мало дете) инаку 7,5-8л/100км
предните гуми му се нови мишелинки од март месец 2013
а задните му се од лани 2012 година
инаку имал 13 фабрички челични бандажи сметени се со 14 алуминиумски фабрички
















овие се за наредното лето 15 алум. ке одат со нов сет летни гуми


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #1 на: 29 Јули 2013, 23:31:50 pm »
со здравје да си го возиш,во комшии имам едно запуштено гти,во случај да сакаш engine swap :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #2 на: 29 Јули 2013, 23:34:10 pm »
Истите бои ги имав и на моето 205 само што беше 1,8 дизел.
Башка мишелинкиве не игледаат баш дека ти се од 2012 година или барем блиску до таа старост :D
Да не ти се стари сликите :)

Со здравје да си го возиш и кеиф да си истераш.

Отсутен DimeOsa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #3 на: 30 Јули 2013, 00:00:45 am »
со здравје да си го возиш,во комшии имам едно запуштено гти,во случај да сакаш engine swap :D
Фала многу, да не тоа црвеното карши драгстор Бети?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #4 на: 30 Јули 2013, 00:11:05 am »
не е тоа,во козле се наоѓа ова и е зелено

Отсутен DimeOsa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #5 на: 30 Јули 2013, 00:19:55 am »
Истите бои ги имав и на моето 205 само што беше 1,8 дизел.
Башка мишелинкиве не игледаат баш дека ти се од 2012 година или барем блиску до таа старост :D
Да не ти се стари сликите :)

Со здравје да си го возиш и кеиф да си истераш.
Фала друже не да ми е кеиф сега се осеќам како Џереми Кларксон кога го тестираше 205gti-то, иначе сум бивши дизелаш 14 години возев дизел и сакав да сменам малку... а за гумите и мене не ми се верува да се од лани купени нови, може ги купиле половни, јас немам ни штрафче сменето од кога го купив пред еден месец. сликиве ми се од денес после тушиње на колата да и ја симнам потта од топлово  :)

Отсутен DimeOsa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #6 на: 30 Јули 2013, 00:20:49 am »
не е тоа,во козле се наоѓа ова и е зелено
Ќе го имам на ум

Отсутен Need4Speed

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
  • VW in my heart
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #7 на: 30 Јули 2013, 01:18:27 am »
ubavo pezo so zdravje da se vozi

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Peugeot 205 1.4i 55kw/75ks
« Одговори #8 на: 30 Јули 2013, 02:04:37 am »
Убаво сочуван примерок од најславниот модел на Peugeot! Со здравје да си го возиш и да го чуваш! :)