Автор Тема: монохроматски мултифункционален дисплеј за пежо 607  (Прочитано 2670 пати)

Отсутен пежо607

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Здраво на сите,
Тукушто се зачленив на форумов и се извинувам доколку несвесно правам некоја грешка во однос на правилата.
Се работи за мултифункционалниот дисплеј во пежо 607 кој е монохроматски од 2002 год со портокалова позадина. Има проблем со, претпоставувам слабост на екранот, односно преку ден ама баш ништо не се гледа (ептен е слаб како да е исклучен), а навечер се познава портокалевата позадина, ама многу слабо се чита од него. Го однесов на електричар, за во случај ако е флет кабелот некако да се прелеми или подобри (скоро сите кајшто бев од старт не се нафаќаа ни да размислуваат за тоа, а камоли да го поправаат), меѓутоа еден, доволно храбар се нафати и го направи тоа, но за жал ефектот е ист. Екранот повторно не работи. Да не ја должам, се работи за многу познат дефект кај сите пежо дисплеји, па затоа моето прашање е дали некој од Вас знае каде може да си набавам некое половно (секако што работи), дали има во Македонија некој што се занимава со овие работи (може да ги поправи или можеби ги продава). Овластениот дилер е многу скап. Во секој случај Ви благодарам.

Отсутен Suki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: монохроматски мултифункционален дисплеј за пежо 607
« Одговори #1 на: 12 Август 2013, 23:32:53 pm »
tetin mi ima isto pezo 607 od. 2002 god. i ama on e od francija i go ima istiot problem koga doaga vo Makedonija mnogu slabou sveti a on mi vika koga odam doma vo francija vika si se vraka vo normala povtorno si sveti najnormalno i dojdovme do zaklucot deka od jakoto sonce blede i mnogu mnogu slabo sveti dzabe ti e i nov da stavish pak istiot problem ke go imash zatoa ne frlaj pari koga zimno vreme ke si se vrati vo normala i ako ti treba delovi polovni za nego kontaktirajme na PP i ke vidam shto moza da ti pomognam znam edno mesto shto rasturar pezovci i pretsravi go vo garaza da go vidime

Отсутен пежо607

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: монохроматски мултифункционален дисплеј за пежо 607
« Одговори #2 на: 13 Август 2013, 13:14:02 pm »
Suki Ви благодарам на брзиот одговор.
Дефинитивно знам дека проблемот е во топлината, и ако го сменам со друг секако дека ќе треба да го решам тој проблем, ама тоа што би се рекло отом потом. Не верувам дека е нормално однесувањето на дисплејот, имено и другите пежовци (407, 307, 406) што имаат сличен (сигурен сум со мали модификации) дури и ист дисплеј работаат беспрекорно, сум возел 307 одлично се гледа преку ден дисплејот, плус екранот на климата исто така одлично си работи. Изгледа му дошло времето на мултифункционалниот па треба да се смени. Мислам дека од 407, 307, 406 (последните модели) се компатибилни со 607 (зборувам само за мнохроматскиот), па ако имате нешто слично дајте ми понуда.

Отсутен Suki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: монохроматски мултифункционален дисплеј за пежо 607
« Одговори #3 на: 13 Август 2013, 17:46:57 pm »
ne znam shto drugo da ti kazam ako sakash nekad da go smenish so poloven pisi na pp pa ke odime kaj covekot mozda ke  ti se najde tako kakov shto sakash