Автор Тема: Предни стабилизатори на Пежо 307  (Прочитано 3418 пати)

Отсутен Mikky

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #15 на: 23 Јуни 2013, 14:23:18 pm »
Фала ви на сите за одговорите и за помошта. Овој во Ѓорче ми е во комшии па ќе го посетам деновиве да видам што нуди.

Ова со 70% подобра вожња може да е само за по нашиве дупки, на убав пат (автопат) претпоставувам дека е обратно. Лани ја возев 307-цата по најубавиот пат до сега што сум го возел (Едеса-Одос) кога идеш од обиколница во Солун накај Аспровалта, може да се кладам дека 306-ката не е подобра на таков пат од 307-цата :) Со оглед на тоа дека го имам SW, спиеше колата на 160 km/h, ништо не се осеќаше, како да лебди. А по нашиве патишта се согласувам дека 307 не се снаоѓа добро, дека не ги бива патиштата не за друго :) Можам да замислам па како е да возиш 307-ца во Франција и Германија :)

Гумите се стандард за 307 SW, по спецификација 205/55/R16. Мерењата на амортизерите се направени во ПСС, во Зајчев Рид, еве ја машината како изгледа http://www.youtube.com/watch?v=jzfPtntxMMs, таму ми кажаа дека под вредност 0.17 треба да се размислува за менување. На видеово гледам во проценти е наместена да мери машината, овие од ПСС изгледа незнаат да ја наместат :)
Од тоа што јас го проучив од еден pdf за машината 0.3 значи 100%. Тоа значи дека предните амортизери се околу 70% груба математика.
Smichka од кај ги најде германските стабилизатори?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #16 на: 23 Јуни 2013, 14:29:05 pm »
значи Optimal се,ми кажа дека биле германски имаше и турски 100-200 денара поефтини,тој што се разбира нека каже дали стварно се германски

продавничето се наоѓа во ѓорче кога идеш од центар према ѓорче на кружниот ток кај СП излегуваш на прв излез па првата лево,продавничката ќе ти дојде одма од десна страна

Отсутен Mikky

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #17 на: 23 Јуни 2013, 14:59:57 pm »
значи Optimal се,ми кажа дека биле германски имаше и турски 100-200 денара поефтини,тој што се разбира нека каже дали стварно се германски

продавничето се наоѓа во ѓорче кога идеш од центар према ѓорче на кружниот ток кај СП излегуваш на прв излез па првата лево,продавничката ќе ти дојде одма од десна страна

Ова е кај мене некаде. Значи на кружниот во СП, одма лево вртиш накај Хром, или па после кружниот на првата лево (после кладилниците) ? Име имаш од продавничето. Ако не ти текнува име, дај локација на google map :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #18 на: 23 Јуни 2013, 15:04:52 pm »


име не ми текнува,ама неможеш да го утнеш

Отсутен Mikky

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #19 на: 23 Јуни 2013, 15:12:46 pm »
име не ми текнува,ама неможеш да го утнеш

Како што си одбележал, ова е одма до пазарчето до менувачницата. Ја знам продавничката, ќе проверам утре. Фала ти за помошта.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #20 на: 23 Јуни 2013, 15:16:13 pm »
smic ti kaj so si obelezal ima kontinjeri tuka :D

Отсутен Mikky

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #21 на: 23 Јуни 2013, 16:00:56 pm »
Да, контињерите се таму, на погорното уличе треба да е точката :) Нема веза се разбравме.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Предни стабилизатори на Пежо 307
« Одговори #22 на: 23 Јуни 2013, 16:19:32 pm »
да да,на погорната уличка е,сум утнал :D