Автор Тема: Opel Corsa B 1.0  (Прочитано 29340 пати)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #165 на: 11 Мај 2014, 15:07:29 pm »
На плетвар качуваш 80кмх? : )

Денеска кон Прилеп, пред мене еден Меган на штипски таблички (се возевме заедно од патарина Градско), мислам дека поголемиот дел од превојот го поминавме со пристојна брзина од 100тина. Ама, патот празен, освен некои моторџии, тука таму по некоја кола.

Кај Ленишки мост, еден прилепчанец со Мерцедес Е 2хх, зеде да ме претекнува кога отспротива доаѓаше Ауди, јас се наголтав прашина за да му напраам место да не се учука... ме одминува, му праам гест ко: „шо праиш, бе, мајсторе?“, само дигна раменици и си продолжи во ист стил.

Е, освен тоа, Корсата вози до 160 (по удолнина Велес-Градско) :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #166 на: 11 Мај 2014, 22:11:16 pm »
Тие со мерцедес не се ништо подобри пациенти од оние што имаат ауди.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #167 на: 13 Мај 2014, 00:57:25 am »
Денес Корсата регистрирана.
Помина технички со одлична оценка, и тоа.

Помина речиси година како ја возам, и гелдам, сум натепал километража (ко за скопско возење со повремени излети низ Македонија).

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #168 на: 17 Декември 2014, 12:59:52 pm »
Минатиот петок сменети: масло (GM 10-40), филтри за масло, гориво и воздух, филтер за полен, и помината зимска проверка со превентивен технички во АМСМ. Ми рекоа дека ќе треба скоро да менувам предни амортизери, левиот бил малку.... отиден.

претходно ги стаив и зимските гуми, а на моја радост, вулканизерот кај што ги менував има простор за складирање, па за 600 денари од менување до менување ќе ги чува таму.

Инаку, внатрешноста подновена со JVC KD-X210 и гумени патосници (Serena), од Лукоил, за 500 денари, да не ме кара Бушав дека само јас останав со смотани патосници кои мака мачи да ги исчисти на секое перење :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #169 на: 17 Декември 2014, 13:18:41 pm »
Ако не ти е проблем, сликни хи патосниците да ги видам.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #170 на: 17 Декември 2014, 23:04:38 pm »
Доцна ја видов поракава, утре ќе ги добиеш, ако не е проблем :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #171 на: 17 Декември 2014, 23:54:30 pm »
Не е проблем, и јас треба да зимам па затоа сакам да ги видам.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #172 на: 04 Јануари 2015, 01:23:30 am »



Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #173 на: 04 Јануари 2015, 01:29:45 am »
Денес бев на лукоил и ги видов :-)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #174 на: 03 Март 2015, 17:10:21 pm »
Некој друг со Корса Б? Имам едно прашање?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #175 на: 03 Март 2015, 19:07:48 pm »
Daj ti prasanjeto nemora nekoj da ima corsa b sigurno nekoj kje ti odgovori :)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #176 на: 03 Март 2015, 21:45:59 pm »
На лев трепкач, интервалот на индикаторската ламбичка на табла се убрза. На форумов сум прочитал претходно дека најверојатно се работи за прегорена сијаличка, па ги проверив сите кои се активираат на ракетата за лев трепкач. Се разбира, испадна дека сијаличката на левиот преден трепкач не трепка.

Имав проблем да ја извадам од лежиште за да ја сменам, ама некако се снајдов. Прашањето ќе го поставев тука - толку ли сум глуп да не знам како се отвора лежиштето на една сијаличка.... како и да е....

Излегов, со тазе сијаличка, и почна трепкачот да си работи добро, ама во тек на возење пак престанува да трепка трепкачот, а побрзо да трепка индикаторската ламбичка на табла.

После гасење, при повторно палење на колата, трепкачот работи нормално, а низ возење де работи, де не.

Помислив да сменам уште еднаш сијаличка утре (затоашто претходниот пат кога ми се случи така со задно штоп светло, сијаличката од резервниот кит ми прегоре за ден и пол), а сега се сомневам да не можеби и не е добро наместена, па се губи контакт?


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #177 на: 03 Март 2015, 21:53:56 pm »
Pa najverojatno e toa...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #178 на: 03 Март 2015, 21:58:45 pm »
Сполајти.... ако не успеам утре, ќе дадете некој предлог за автоелектричар

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #179 на: 03 Март 2015, 22:34:00 pm »
Нема добар контакт сијаличката, па како што удираш во дупки така се мести па се изместува или пак како што кажа до самата сијаличка да е проблем  ;)
Подзачисти ги малце и контактите на фасонката.
« Последно менување: 03 Март 2015, 22:40:34 pm Sans »