Благодарение на нашите прекрасни патишта, и низ град а и автопати, колава почна да тропка и да крцка, скоро никој кој се вози во неа не ги приметува тие звуци, но јас ги слушам и ме нервираат.
Денес почнав нешто да пробувам, и ова е само почеток и проба, на крај се ке биде профи изработено од моја страна (барем се надевам).
Шалтаблата дури и на мали дупки и нерамен пат крцка веќе подолго време, најдов од каде доаѓа звукот и кога ќе притиснев таму со рака, престануваше.
Денес се тоа залепено и пополнето онака фуш, колку да видам дали тропкањето е само од површината или негде под шалтаблата.
Еве и слики колку грдо изгледа сега, ама ќе средам, битно не крцка негде под шалтаблата туку крцкаат споевите горе.
Кога ќе имам време, ќе ја извадам пластиката од столбот (ако знае некој како не е лошо да помогне со слика некоја барем), а ако неможам сам, ќе барам некој кој тоа ќе може да го направи. После тоа мислам дека лесно ке излезе и делчето од шалтаблата под малото прозорче, а и да не излезе ќе имам добар пристап да обложам внатрешно каде има допир пластика со пластика, и ништо нема да се гледа.
Исто така, немам слика, ама се е обложено со дуплофанов во делот од кај моторот, пластиките што доаѓаат под шофершајбната, расклопив се и таму е убаво скоцкано, и ништо не се гледа (скоро цел ден тоа го правев па немав време за да посветам на делот внатре и затоа е вакво само прилепено)
Друго денес сработено.
Конешно после неколку месеци, залепено новото огледало/ретровизор. Банзаи ми го нарача стварно одамна, и се денес утре, никако да се среди, ама денес му дојде редот, старото некој го имаше бапнато и пукнато на паркинг. Денес заменето со ново.
Ауристо во гепек под полицата има пластика за ставање на разни дрангалашки за да не се тркалаат по гепек, и таму е пластика на пластика, и таа на дупки тропкаше, денес ставено од дуплофанов и таму и сега е топ, никаков звук нема од позади. Инаку и оваа лента ќе ја заменам, бидејќи е двострано леплива, ќе купам еднострано леплив и ќе ја сменам, битно ми беше дали со една смешно тенка лента ќе се изгуби тропкањето, и се изгуби.
На оваа (^^горнава) слика се гледа и копчето на кое се гасат сензорите, и кое е на многу глупаво место ставено, бидејќи при ставање на ствари, два пати ги имам изгасено без да приметам. А некогаш стварно се ослонувам на нив при паркирање.
И денес најмногу бев изненаден од пропустот кој го направиле во фабрика, значи откако е купена колава јас знам дека нема сијаличка во гепек, а на неколку пати ми преитребало. Пред некој ден ми прегоре сијаличката за стоп светло и при менување приметив вишок кабел кој штрчеше, а денес дури видов дека има и сијаличка, замислете од фабрика заборавиле да ја поврзат сијаличката, и јас 5 години знам дека Аурисот нема сијаличка во гепек. Не дека беше некоја работа нели само да ја уштекам, ама и тоа го средив / пронајдов денес.
Пет години не приметв дека има сијаличка, или можеби бев помирен со фактот дека нема, па не се ни трудев да најдам. А и Аурисов никогаш не е ни товаран нешто многу па да сум се мотал околу гепекот, Бидејќи Опелот е кола за на пат, па затоа и ми има промакнато сијаличкава.
Исто така регистарската табличка веќе не тропа при отварање и затврање на гепек, и таму ставив дуплофан.
Наредно, и се надевам во скоро време ќе гледам да средам внатре, да не биде вака грубо како што изгледа сега, мада после сликањево малку е потсредено, ама пак е многу грубо и грдо.
Заборавив да сликам при обложување на пластиките од страната на моторот и под шофершајбната ама јеби га.
Нареден пат се убаво ќе документирам.
Само си ветувам сам на себе дека нема да помине многу време, бидејќи ако не средам во наредни месец дена после којзнае колку ќе помине додека да дојде ред на вакви работи.