Монтирано RaceChip Pro 2.
Импресиите позитивни,предности како што кажа Јаре можеш да пробаш и немораш да земеш ако не ти се допаѓа ефектот.Монтажата е многу брза и едноставна.Дечкото што ги увезува е многу фер во тој однос,дава и одреден пробен период иако доколку има разлика одма се осеќа и не верувам дека некој би го вратил.
Ова не е примарна дејност на човеков што ги носи ама одлично си ја работи работата.За некое време треба да стане и официјален увозник за Македонија.
Бушав, а каква е разликата помеѓу RaceChip-ов и нормалниот ремап?
Те прашувам за искуство, пошто ако добро паметам на некој од Меганите имаше и ремап направено. Се исплати ли поскапиот ремап споредбено со RaceChip?
Искрено не можам да споредам бидејки тој меган што му имав направено класичен ремап беше 82кс и доби некој 20кс кои навистина се осеќаа ама е далеку од овој мотор што го возам сега.
Иначе за овој меган цената на класичниот ремап и RaceChip искочи исто бидејки се одлучив за поскапиот уред со подобар процесор.Како и да е дали изгубив или добив неможам да знам.Предноста со ова е што можев да пробам пред да се одлучам.