Мали се. Не ме собира како прво мене, крупен дечко сум, не можам позиција како шо треба да си најдам.
Мондеото и мазда 6 се со 5та врата, што е супер.
Преценета е маздата. За годините мислам не вреди толку пари.
Пробав и лансер, не ме собира, не се подесва по длабочина воланот.
А мене мора да ми е в скут, во најгорна положба за да имам колку толку простор за нозете и да не си мавам тупаници вколена ко ќе вртам
Како шо е тргнато ќе треба или да зголемам буџет или да гледам некој моноволумен, или нешто постаро пасат б 5.5 ме собира во таков.
Дизел понов не ми се зема ради потенцијални скапи проблеми. Возам кратки релации низ град често и под 3 км.