Абе среќа моја со вулканизери. Ко менував зимски гуми за прв пат, се распрашав кои се најдобри во мојот град. Сите ми кажаа дека или кај „X“ или кај „Y“ да ги менувам, тие биле најдобри во мојот град (не именувам имиња на фирмите). Три години менував (и купив) гуми од кај „X“ но последниот пат лани (при замена на летните во зимски) со дигалката за возило ми го набија и искривија прагот (погрешно изгледа го имаа поставено). Испадна газдата фер и ми ја направи штетата.
Оваа година реков ај за прв пат да одам кај „Y“, и тие ми ги фалеа као најдобри. Па еве прво па мушко, салам ми ги заебаа бандашите. Немав ни гребаница на колата (затоа велам си ги знам бандашите и колата), и кога видов што направиле за глава се фатив. Дополнително ме изнервира тоа што не признаваа (дури газдата ме избегнуваше некое време, наводно зафатен бил). И ајде реков у курац нека се гонат, да не се расправам и да трошам време и енергија (се вадеа демек колата била валкана и не се гледало дали претходно имало гребаници). Но после 3-4 дека видов на е-банкарството дека два пати ми наплатиле за услугата (нешто имале проблем со линиите па два пати побараа пинот да го внесам, а само една сметка ми дадоа). И ми пукна филмот му се јавив пак на газдата да се карам, па ајде прифати да ги направи бандашите.
Затоа ми беше прашањето, оти попрво би возел со гребаниците (малце ги замаскирав со сребрена боја), отколку да ми испукаат цели по година-две (релативно е нова колата). Е дури тогаш че го паљим со бенЅин