морам да пофалам дека во МВР во телевизија се убрзале работите околу средување на документите и проблемите... за она што овој пат го решив за 24 саати, пред 2-3 години требаше 1,5 месец да се решава...
значи конечно, решив бенџаминот да се регистрира, не за друго, го скоцкав да биде во возна состојба и греаота да дреме (пази да не греота, мене кеифот ми е)... со документите идам во технички и почињам од шалтерот за пријава на возила за технички... куца типлата таму, ме праќа осигурање да зимам...
-на шалтерот за осигурање типкава внесува бројот на шасија (пошто таблици нема) и ми вика ПОГРЕБАЛНО Е ВОЗИЛОВО ТАКА? јас онаков WHAT DID I JUST HEARD? па ми вели она, возилово ви се води како погребално... ни случајно викам... че го палим на бензин одма, мењај тоа... 15 минути типкање по компјутерот и ете, воала, излезе осигурање на цивилно возило, а не погребално...
-иде возилото на преглед... топ си е вика.. се е у реду... арно ама, во возот од бројки на шасијата 2 букви се згрешени... немај гајле, видливо е дека се работи за пермутација, пошто останатите ,иљон бројки и букви се тие... ке ти поправат на новата сообраќајна... ок викам... идам пак на шалтерот на мвр...
-на шалтерот на мвр, типот (многу коректен човек, го знам од порано) зима документите.... клик овде, клик онде, не излага возилото во систем. ја куца старата таблица и во систем излага ЗАСТАВА 750... се јави таму кај што треба, скисели фаца и ми вика ебати среќата ми вика, ке мораш во телевизија на оправање...
-во телевизија идам на шалтер бр.1 чекам таа таму да си ги допише документите а во меѓувреме трескам глава во зид од што ме боли заб (закажано во 16:30 да го вадам) и конечно кога ја пршав ми вика, аааа не тука, иди одзади таму, во соба таа и таа ке го бараш тој и тој... е си викам го знам ова, пред 2-3 години го јадев овој калап, чим таму идам, почна зезанција од 1-2 месеци. идам одзади, стандард, човекот го нема, се качил горе негде по обврски за претходниот што чека внатре... после околу 1 саат чекање, стига типот и нај културно и нај љубезно ми рече дека треба да дојдам другиот ден, да се качам некој спрат погоре и да брам друга особа... ЗНАЕВ си викам.. почна, исто како прошлиот пат...
-следниот ден идам горе, објаснувам што е проблемот, типката ги зима документите, разгледа, отвори компјутер, кликна нешто таму, ја зеде сообраќајната и исчезна... после 5 минути се врати со корегирана сообраќјна и ми рече трк во технички по таблици... МОЛАМ? се зезаш со мене? демек толку беше? да ми вика...
-идам на технички, застанувам на мвр шалтерот, сеуште неверувајки дека се решил проблемо и очекувајки дека типот од шалтерот ке ми рече нешто во стилот, не е уште стигнато, не е запишано... а он си ги зеде документите, кликна на компЉутерот нешто, измава печати некои, се испотпиша, ми протна таблици низ шалтерот со се новата сообраќајна и ми вика ПОЗДРАВ... јас сеуште неверувајки дека сум завршил работа за помалку од 1 ден, истата работа што претходно траеше 1,5 месец идам со таблиците накај кола и се штипам за образ, за рака, за нога, за секој случај да не сонувам...
пофални зборови до МВР, сектор сообраќај, за големиот напредок. така се решаваат работите... браво за нив, тоа е стварно сериозен напредок.